ТРАГИЧНО УТРО: Пешак прегазен во Чаир
Објавено во: Македонија 12 Ноември, 2015
Крваво утро на скопските улици. Прегазен е пешак од Велес на возраст од 67 години.
Незгодата се случила околу 6.50 ч во скопски Чаир, на улицата „Ќемал Сејфула“ а во пешакот удрил автомобил марка „Опел астра“ со скопски регистарски таблички.
И покрај итното пренесување во Ургентниот центар пешакот им подлегнал на повредите.
Незгодите и сообраќајките и покрај апелите да не се вози брзо и покрај новите сообраќајни закони се секојдневи на улиците во главниот град за што говорат фактите дека само 14 сообраќајни незгоди се случиле во последното деноноќие. За среќа сите се со полесни повреди.
Возачи, внимавајте како го управувате возилото, посветете повеќе внимание на сообраќајните правила и пропуштајте ги пешаците на пешачки премини.