Трговската војна меѓу САД и Европа сè уште може да се избегне
Објавено во: Свет 10 Март, 2018
Трговска војна меѓу Европа и САД се уште може да биде избегната, објави германскиот министер за економија Бригите Циприс, додавајќи дека се надева дека разговорите во Брисел овој викенд може да помогнат за спречување и ескалација на односите, пренесува Ројтерс.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја потпиша наредбата за наметнување на давачки од 25% за увоз на челик и 10% за увоз на алуминиум, но е под огромен притисок од сојузниците, вклучувајќи ги ЕУ и Јапонија, за да ги олесни мерките.
Трговскиот претставник на САД Роберт Лаитизер требаше да се сретне со секретарот на ЕУ за трговија Сесилија Малмстром и одделно со јапонскиот министер за трговија Хирошиге Секо во саботата. Состанокот е во врска со долгите планирани разговори поради стравувањата дека одлуката на Трамп би можела да предизвика светска трговска војна.
Циприс коментира пред Deutschlandfunk radio дека до моментов тарифите не се наметнати и е премногу рано да се зборува за повидлива трговска војна.
„Но, дојдовме до ситуација кога раните битки станаа сериозни“, вели таа.
Циприс тврди дека Малмстром се обидува да го реши спорот преку преговори и додаде: "Се уште се водат разговори, работите се во процес, па ако сакате, можете да кажете дека станува збор за дипломатија, а не за војна".
Министерот коментира дека предложените мерки од Трамп би ги прекршиле правилата на Светската трговска асоцијација (СТО) и дека Германија ќе координира со Европската комисија како да реагира ако Трамп дејствува.
"Се разбира, во СТО ќе треба да се свртиме против него", коментирала Циприс. "И ние исто така ќе треба да размислиме за контрамерки".