ПРОНАЈДЕН МРТОВ СОПРУГ НА ПРАТЕНИЧКА ОД ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ - прво имало сомнежи дека Анџело се самоубил, но.... тој бил во морничава состојба
Објавено во: Свет 26 Мај, 2024
Анџело Онорато, сопруг на европратеничката Франческа Донато, е пронајден мртов во својот автомобил во Палермо. Телото го пронашле Франческа и нејзината и ќерката на Анџело, Каролина.
Иако прво постоеја сомнежи дека овој познат бизнисмен и сопруг на политичарката си го одзел животот, сега се верува дека е убиен.
Татко ми е убиен, не кренал рака на себе“, тврди Каролина (20).
Италијанските медиуми пишуваат дека Анџело имал некаква изолир лента околу вратот.
„Тато не е човек што би го оставил семејството и да дозволиме да го најдеме вака. Тој не се самоуби, тој беше убиен“, тврди ќерката.
Како што пренесуваат медиумите, телото било во автомобил паркиран недалеку од нивната куќа, а Франческа и нејзината ќерка го нашле откако загрижено го лоцирале телефонот на Анџело.
Покрај тоа што имал завиткана лента околу вратот, наводно имал и крвна дамка на кошулата.
Извор од истрагата наведува дека Анџело пред да излезе од куќата и рекол на Франчески дека имал средба со некој од Капачи.
Откако тој не се вратил, Франческа го пронашла неговиот мобилен телефон и таа и нејзината ќерка подоцна го нашле мртов во автомобилот.
Извор: Курир
Фото: ЕПА