Три дена по ред леќа или шпагети за ручек во студентскиот Стив Наумов: Директорот Велевски вели - нема ништо страшно
Објавено во: Македонија 10 Февруари, 2021
Неколку дена по ред јаделе боранија или леќа за ручек, салата немало воопшто, ниту пак овошје. За вечера секој втор ден на менито се шпагети со сирење. Студенти кои се сместени во Студентскиот дом Стив Наумов реагираат дека веќе две -три недели храната во студенстката кујна е еднолична. Но тоа не е најголемиот проблем - пред два дена снемало интернет, а од фирмата која го обезбедува дошле и ги земале рутерите. За храната и интернетот тие плаќаат во месечната сметка. Реагираат затоа што се револтирани - интернетот им треба за да следат настава и за да учат.
„Проблемот трае веќе 2-3 недели. Салата за ручек повеќе нема. Смути за доручек нема. Имаше црн леб сега и него го нема. Леб има само бел и тој којзнае колку време стои. Ручекот се исто, па исто даваат. Се случува неколку дена со ред да има исто јадење на пример леќа или боранија. За вечера секој втор ден шпагети со сирење даваат. И за ручек се случува шпагети да има. За вечера даваат тоа што треба да е за доручек како на пример пржени јајца, проја, вели студентка која е сместена во бараките во Стив Наумов.
Еве какви биле претходно оброците за ручек - пообилни и поразновидниВели дека прашале што се случува и вработените во кујната им рекле дека немаат нови производи, затоа што тендерот не бил објавен навреме. Студентката која сакаше да биде анонимна од разбирливи причини вели дека ситуацијата станува се полоша и полоша.
Виктор Велевски, директор на Државниот студентски центар за Фактор потврдува дека проблемот е во набавката. Сепак тврди дека сега во кујната нема само раноградинарски производи односно овошје и зеленчук а сето останато било во ред. Вели дека баш леќа немало.
„Не гледам што е спорно да има за ручек шпагети потпечени со сирење. Или студентско соте кое го сервираат со ориз или со пире. Храната е разновидна, а да има леќа секој ден не може оти баш леќа сега нема. Точно е дека тендерот е завршен и сега нема овошје и зеленчук. Треба да помине време да се средат работите со објавата. А смути верувајте нема ни да има затоа што вработените не ги чуваат добро блендерите кои се донација, вели Велевски.
Тој потврди дека рутерите се извадени и дека сега има интернет од стариот тендер на Студентскиот центар. Додека Министерството за образование и наука не спроведе нов тендер и не склучи нов договор, вели ќе биде оваа опција. Велевски вели дека има наталожени проблеми и дека откако стапил на функција само гасел пожари, а не успеал да се зафати со сериозни проекти.
Додека тој го прави тоа, студентите ќе треба да се задоволат и со таа храна. Месечно за живеењето плаќаат по 3.650 денари.
„Реално што сакаат да добиваат за таа цена? прашува директорот и додава дека на 80 oтсто од студентитe оваа сметка ја плаќа МОН.
Фактор лани во ноември пишуваше дека онлајн наставата која се одвива на речиси сите факултети, ги секна парите за плати на вработените во државните студенстки домови.
A.T.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.