Добивај вести на Viber
Тетово и Аеродром – лидери по изградба на станови. Грдежниот сектор – во должнички круг. Граѓаните немаат пари да купуваат станови
Растат трошоците за работа во градежниот сектор .... Тендот на пораст на трошоците за градежни материјали , но и за вработените во фирмите се случува во континуитет – потврдуваат од Здружението за градежници ... Според последните мерења на статистичарите – во првото тромесечје од годинава , во однос на лани истиот период е регистиран пораст на вкупните трошоци за изградба на нови , индивидулани објекти за домување од 1,8% ...
Први три месеци од 2012 / 2011
Трошоци во градежништво 1,8%
_____________________________________
Трошоци за материјали 1,5%
Трошоци за вработени 2,6%
“
Точно е тоа дека поскапувања има и тоа што е најлошо , тие не се случија одеднаш и еднократно , туку дел по дел , и ако го споредиме сегашниот период ви однос на лани , може да зборуваме за поскапување на сите градежни материјали меѓу 10 и 15 % “ – оценува Никола Велковски од Здружениет на градежници ... Според пресметите на бизнисмените , зголемување на трошоците е резултат на порастот на цената на енергенсите за транспорт, прво за тие материјали што се увезуваат , а потоа и кај домашното призводство... Се проценува дека учеството на енергенсите во домашното призводство на градежни материјали , односно во цената на готовиот производ изнесува меѓу 30% до 40% .... Токму поради оваа состојба , градежниците велат дека барале субвенционирана поддршка од владата , но до денеска – одговор на ова нема ... Додека лани се случуваше бум во градежниот сектор и масовно се градеа згради – почетокот на ова година , според анализите на градежниците , бил тежок ... Ниту граѓаните имаат пари да купуваат станови , ниту инвеститорите , поради кризата се осмелуваат да влезат во посериозни прокети – оценува Велковски ... “
Фактот дека се издаваат помалку дозволи за градење практично покажува дека луѓето и фирмите се резервирани за да инвестираат , владее една апатија за инвестиции дури и кај помоќните инвеститори. Многу е намален бројот на баратели за изградаба на приватни индивидуални куќи , мислам дека ослабнува и економската моќ кај граѓаните а и луѓето тешко се одлучуваата да инвестираат кога знаат дека нема да можат да ја затворат фиансиката конструкција .“ – констатира поранешниот градски архитект .... Последното истражување на статистичарите покажа дека во април годнава се издадени 200 одобренија за градба и споредено со истиот месец лани – е регистрирано намалување за 9,1% ... Од друга страна , предвидената вредност на објектите за кои има одбренијата за градба во истиот споредбен период е зголемена за 60% и изнесува 36,4 милиони евра ... Како инвеститори се јавуваат 157 физички лица и 43 фирми ... Во овој прв кавртал од годинава , анализирано според одбренијата за градба , предвидено е да се изградат 442 станови ... Според анализата , најмногу станови треба да се изградата во Тетово, Куманово , Охрид , Велес и Струга ... Во Скопските општини , по бројот на новоизградени станови во предност се скопски Аеродром , Ѓорче Петров и Кисела Вода ...
КУПИ КУЌА – КУПИ СТАН – САМО РЕКЛАМА ?
Со образложение дека сака да им помогне на граѓаните и да го раздвижи пазарот со подажба на станови , Владата го старуваше прокетот “ Купи куќа-купи стан “ ... Иако концептот на субвенционирање на станбени кредити за граѓаните , требаше да ја зголеми побарувачката а да ја намали цената на метар кавдретен станбен простор - уште во екот на промоцијаата на проектот , слабостите испливаа на површина ..Оние што решија да аплицираат – заглавја во долгите процедури и обемната документација.. Во отсуство на очекуваните ефекти , владата неколку пати го пролонгираше рокот за аплицирање на граѓаните .... На стартот од кампањата , 500 граѓани решија да направат обид за да го искористат субвенционираното кредитирање..Краток период потоа - беа поделени само 50 решенија за одобрени банкрски кредити , или се офадија само 10 % од апликантита ... Со целиот проект треба да се опфатат 2000 луѓе , односно семејства ... Една од целните групи се младите , а статистиката пак покажува дека од вкупната стапка на невработенсот од 31% дури 48,5% се млади на возраст до 29 години , или оние потенцијални купувачи на станови ... Токму овие луѓе уште од старт се исклучени од прокетот Купи куќа-купи стан , затоа што банкрските услови се јасни – без вработување – нема кредити .. Бумот со пазарот на недвижности од 2008 мата година – кога се очекуваше влез на Македонија во НАТО алијансата – нема да се повтори – едногласни се луѓето од градежниот бизнис ... Тогаш цената на становите значајно се зголеми а граѓаните купуваа станови , како еден од сигурните начини за инвестирање .... Дека финасиката кондиција сега е значајно ослабена не само за купување туку и за закуп на недвижности – покажува и анализата на градежниците за продажба и изнајмување на деловен простор ... Од здружението велат дека речиси да нема побарувања на пазарот за изнајмување на деловни објекти , односно канцеларии., што е показател дека кризата во вкупната економија сеуште трае .
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: