04 Октомври, 2024
0.4708

,,ЦИП Продукт” сака да ги купи сите слободни акции со право на глас во „Пелистерка„

Објавено во: Економија 11 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Скопската компанија „ЦИП Продукт“ ќе даде јавна понуда за откуп на сите слободни акции со право на глас од „Пелистерка“ познат македонски бренд на газирана вода и на освежителни пијалоци, соопшти официјално компанијата и информацијата ја објави на интернет страницата на „Македонската берза“. Компанијата извести дека во процедура доставува барање до надлежната Комисија за хартии од вредност (КХВ) и ќе побара дозвола за откуп на сите акции на „Пелистерка“. ЦИП Продукт и сега е најголем поединечен акционер во „Пелистерка“ и поседува 58,8 отсто од сите акции што му дава право на одлучување за сите прашања за кои е потребно просто мнозинство гласови од сите акционери во „Пелистерка“. Koмпанијата, како што неофицијално дознаваме, е сопственост на македонскиот бизнисмен Цветан Панделески, а неговиот син Дејан Панделески е извршен директор на компанијата „Пелистерка“. Согласно со законските одредби ЦИП Продукт, доколку добие одобрение од КХВ, ќе треба да депонира средства во износ да може да ги плати сите останати акции во „Пелистерка“ кои сега не се во негова сопственост, а тоа се 41,2 отсто од сите акции односно 17.058 акции со право на глас. За нив ЦИП Продукт, согласно со правилата за превземање компании чии акции се котирани на Официјалниот пазар на нашата берза, ќе треба да плати најмалку 2.100 денари за акција – толку изнесува просечната годишна цена на таа акција според официјалните податоци на Македонската берза за хартии од вредност. Тоа значи дека минимално ЦИП би требало да плати 35,8 милиони денари (околу 580.000 евра) за да ги докупи сите акции на компанијата во која сега е доминантен акционер. Според официјалните податоци на Централниот депозитар за хартии од вредност втор по голема акционер во „Пелистерка“ е друштвото за производство, трговија и услуги „Карачи“ кое поседува 19,33 отсто од акциите со право на глас. Успешноста на претстојната потенцијална понуда на ЦИП ќе зависи од 188 домашни физички лица кои заедно поседуваат 20,36 од акциите со право на глас во „Пелистерка“. Според податоците објавени на сајтот на берзата „Пелистерка“ книговодствената цена на таа акција изнесува 7.787 денари за акција во 2014 година, а вкупните приходи лани биле 510 милиони денари и биле помали за 53,6 милиони денари. Добивката по оданочување лани била 0,7 милиони денари што е драстичен пад во споредба со добивката од 2013 година која изнесувала 28,6 милиони денари.

Можеби ќе ве интересира

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Парите за закуп за терминалот Александруполи ќе пропаднат?

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

Божиновска: Ќе побараме помош од домашни банки за грејната сезона

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

ОГРОМНА РАМПА НА ЕУ ЗА КИНА, СЕ ВОВЕДУВААТ ДАНОЦИ ОД ДУРИ 45 ОТСТО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА: Почнува нова економска војна

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

Иде нивното време! Која македонска државна фирма направи 305.000 евра промет во само еден ден?

ЦЕНОВНИ ШОКОВИ ПОРАДИ ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Цените во Европа вртоглаво растат

ЦЕНОВНИ ШОКОВИ ПОРАДИ ВОЈНАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Цените во Европа вртоглаво растат

„АЛКАЛОИД“ ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА КУПИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ ВО ЈУЖНОКОРЕЈСКА КОМПАНИЈА - има стратешка цел да настапи на пазарот на биослични лекови

„АЛКАЛОИД“ ЗА ЕДЕН МИЛИОН ЕВРА КУПИ МАЛЦИНСКИ УДЕЛ ВО ЈУЖНОКОРЕЈСКА КОМПАНИЈА - има стратешка цел да настапи на пазарот на биослични лекови

Реплек оствари раст на приходите од продажба од над 24 oтсто во првите девет месеци од 2024

Реплек оствари раст на приходите од продажба од над 24 oтсто во првите девет месеци од 2024

ЖРТВИ НА СОПСТВЕНИОТ УСПЕХ: Сега имаат премногу панели, системот паѓа

ЖРТВИ НА СОПСТВЕНИОТ УСПЕХ: Сега имаат премногу панели, системот паѓа

Мулер: Германија и Кина треба да соработуваат во автомобилската индустрија

Мулер: Германија и Кина треба да соработуваат во автомобилската индустрија