10 Мај, 2024
0.0244

Црвен аларм на Балканот: Дожд, дожд, дожд … и во Македонија дожд!

Објавено во: Мои пари 04 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Дожд, дожд, дожд ...така би можела да се опише временската прогноза за наредните два дена. Силни дождови на регионот ќе донесе Џеновскиот циклон.

-Џеновскиот циклон,кој настанува над Џеновскиот залив, ќе донесе големи количини на врнежи во текот на наредните два дена.

Српските метеослужби информираат дека во Белград и југозападна Србија ќе паднат од 40 до 60 милилитри дожд по квадратен метар. Во останатите делови од Србија количината ќе се движи од 20 до 40 милилитри.

Предупредувачко ниво на водостојот ќе има на горниот тек на Западна Морава, а на Млава, Пеќ и Тимок во текот на шести март водостојот ќе го премине предупредувачкото ниво.

Македонија во четрвток ќе потпадне под нова циклонска активност која ќе услови врнежливо време. Значителна количина на дожд се очекува во западниот регион, локално и над 30 литри на квадратен метар. Врнежливо ќе биде и во останатиот дел од земјата, а во просек можеме да очекуваме околу 20 литри наврнат воден талог за 24 часа. На планините, на височина над 1400 метри, се очекува нов снег. Позначителна нова снежна покривка може да се очекува на планините во западниот регион.

Во текот на денот ќе дува умерен, а локално и засилен ветер од југоисточен правец. Ветерот ќе го смени правецот во северен во текот на вечерта.

Температурата во четврток ќе биде значително пониска во однос на среда. Максималната вредност низ котлините во просек ќе има вредност околу 7°С, додека во јужниот тек на Вардар се очекува максимална околу 11°С, информираат од метеопро.

Во ноќта кон петок, локално на повисоките населени места во северниот и западниот регион, врнежите од дожд постепено ќе преминуваат во снег и дожд мешан со снег. Во текот на денот врнежите ќе продолжат, но со значително помал интензитет во однос на четврток. Претпладнето во петок ќе биде поврнежливо во однос на попладневните часови.

Минималната температура низ котлините во петок ќе има вредност малку над 0°С. Максималната температура ќе биде во дијапазонот од 6°С до 9°С низ котлините, а на повисоките места таа ќе има вредност околу 2°С.

Сабота ќе помине во претежно облачно време со повремени и локални врнежи кои на повисоките места ќе бидат од снег.

Температурата во однос на онаа од петок ќе биде пониска за околу 1°С.

Во недела ќе започне периодот на стабилизација на времето. Облачноста значително ќе се намали. Температурата ќе биде слична на саботната.

Можеби ќе ве интересира

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Во недела ќе се одржи 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Петар Заборски од „Макпетрол“ ќе се бори за бронза на Европското карате-првенство

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Секој има право на достоинствен живот. Ајде сите заедно да изградиме свет без бариери: „Best Online Assistant“, платформа за едукација, дел од проектот на НЛБ Групацијата „Рамка за помош“

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Fashion Group со исклучително успешна онлајн сезона: Клиентите се на прво место!

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори

Samsung Electronics е прв на глобалниот пазар на OLED монитори