14 Ноември, 2025
0.0362

Уапсен прилепчанец кој предизвикал пет пожари

Објавено во: Македонија 09 Август, 2024 10:37

Добивај вести на Viber

Полицијата уапси и му поднесе кривична пријава на прилепчанец кој во повеќе наврати предизвикувал пожар на отворено на територијата на општина Македонски брод. Кај него биле пронајдени предмети за потпалување, по што ги признал делата.

„Денеска (09.08.2024) Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Македонски Брод до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Д.Т.(57) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, казниво по член 227 став 5 од Кривичниот законик.

Пријавениот во повеќе наврати, на 15.07.2024, на 30.07.2024, 02.08.2024, на 05.08.2024 и на 07.08.2024 во атарите на с.Слатина и с.Грешница, општина Македонски Брод, предизвикувал пожар на отворен простор, кој се проширувал и настанувале пожари на поголема површина, каде горела трева и нискостеблести растенија“, објави МВР.

Сите пожари биле изгаснати од екипи на Територијалната противпожарна единица Македонски Брод и Подрачното шумско стопанство „Сандански“ - Македонски Брод.

„При преземање на мерки во врска со пожарите, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го затекнале пријавениот Д.Т. на местото на настанување на пожар и при преглед кај него биле пронајдени предмети со кои може да се предизвика пожар. Со пријавениот бил извршен службен разговор, при што тој ги признал делата“,информира полицијата.


Можеби ќе ве интересира

Нема фрлање смет од 22 навечер до 6 наутро, Град Скопје донесе забрана

Нема фрлање смет од 22 навечер до 6 наутро, Град Скопје донесе забрана

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот - обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции!

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот - обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции!

Филков: Секој потрошен денар во судството мора да биде оправдан со резултати

Филков: Секој потрошен денар во судството мора да биде оправдан со резултати

БГНЕС го критикува Николоски дека е лицемерен и дека Бугарите претходно ги нарекол „бедници“

БГНЕС го критикува Николоски дека е лицемерен и дека Бугарите претходно ги нарекол „бедници“

Блерим Беџети: Кривичната пријава против мене е за да ме придобијат во мнозинството

Блерим Беџети: Кривичната пријава против мене е за да ме придобијат во мнозинството

Коцевски: Еден примерок вештачење на сомнителниот мазут чини 1.500 евра, а треба да провериме 300

Коцевски: Еден примерок вештачење на сомнителниот мазут чини 1.500 евра, а треба да провериме 300

ОЈО БАРА ПРИТВОР ЗА СКОПЈAНЕЦ КОЈ НАПАДНА 12 ГОДИШНО ДЕТЕ - го пресретнал на булевар и без причина го удирал со тупаници и клоци по лице и тело

ОЈО БАРА ПРИТВОР ЗА СКОПЈAНЕЦ КОЈ НАПАДНА 12 ГОДИШНО ДЕТЕ - го пресретнал на булевар и без причина го удирал со тупаници и клоци по лице и тело

ЦАРИНАТА ЗАПЛЕНИЛА 2.500 ИНФУЗИСКИ МЕДИЦИНСКИ СЕТА: Игли, шприцеви, канили и системи за инфузија

ЦАРИНАТА ЗАПЛЕНИЛА 2.500 ИНФУЗИСКИ МЕДИЦИНСКИ СЕТА: Игли, шприцеви, канили и системи за инфузија

Судиите со отворено писмо до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата

Судиите со отворено писмо до Мицкоски: Вашите коментари ја преминаа границата