Улиците во скопски Аеродром утре ќе се третираат со калциум магнезиум ацетат
Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2015
Од град Скопје информираа дека утре во скопски Аеродром околу 11.30 ч улиците ќе бидат прскани со средството калциум магнезиум ацетат.
Целта на третирањето е да се намали загадувањето на амбиентниот воздух, а со мерката ќе бидат опфатени булеварот Трета македонска бригада (од крстосницата со улицата Коста Новаковиќ до раскрсницата со булеварот Србија) и булеварот Србија (од крстосницата со булеварот 12.Македонска бригада до крстосницата со булеварите Видое Смилевски Бато и Јане Сандански).
На терен увид ќе се врши во присуство на градоначалникот на оваа општина Ивица Коневски и таткото на градот Коце Трајановски.
Се препорачува возачите да внимаваат на брзината на управување на возилото, да се ограничат на 40 километри на час поради лизгавоста на коловозите и да ја почитуваат поставената сигнализација.