Унет доделува стипендија за студентите на ФИНКИ
Објавено во: Мои пари 10 Март, 2015 09:55
По повод својот 20-от роденден, македонската компанија со најдолго искуство од областа на интернет технологиите – Унет, доделува двегодишна целосна стипендија и платена пракса со можност за вработување на студент од факултетот „ФИНКИ“ кој ќе покаже најдобар талент за концет и реализација на веб страна.
Конкурсот важи за редовните студенти од 3-та година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ), од одделот подготовка на е-технологии со освоени 120 до 180 кредити. Веб страната треба да биде изработена до 15.04.2015год. а добитникот на стипендијата ќе биде објавен на свечениот настан на компанијата „20 ГОДИНИ УНЕТ“.
,,УНЕТ работи во област каде промените се динамични, а преку спојот на младите таленти и докажанните професионалци, овој проект ќе биде доказ за нашиот влог во перспективните инжинери. Затоа упатувам охрабрување и повик до сите идни веб програмени и дизајнери да се пријават на конкурсот“ - изјави Анета Антова Пешева, директорка на УНЕТ.
Како прв и единствен провајдер во државата во периодот на неговото формирање, со мал број на dial up пристапни линии, Унет еволуираше и прерасна во една од поголемите компании во Македонија од бизнисот со напредни технологии. Со брзи и континуирани промени во технологијата и во организацијата на своето работење како и со појавата на конкуренцијата на пазарот на овој тип на услуги во Македонија, Унет ги постави стандардите за квалитет на интернет сервисите и напредните технологии во државата.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив





