Уште еден Палестинец убиен во Појасот Газа
Објавено во: Свет 15 Декември, 2017
Eден Палестинец е убиен од израелските војници во Појасот Газа за време на протест против одлуката на САД за признавање на Ерусалим за главен град на Израел.
Палестинците кои протестирале против одлуката на Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел, денеска се судрија со израелските сили за безбедност на неколку локации во Појасот Газа и на Западниот брег, по петочната молитва во џамиите.
Израелските војници на повеќе места пукале при што повредени се 54 лица.
На денешните протести на Западниот брег учествувале околу 2.500 лица, од кои тројца се повредени. Демонстрантите палеле автомобилски гуми, фрлале со камења и молотови коктели врз израелските полицајци и војници, кои одговориле со солзавец.
Во близина на Рамалах израелски полицаец пукал во маж откако тој избодел со нож еден од полицајците.
Јоасер Сокар е петтиот убиен Палестинец откако американскиот претседател, Доналд Трамп на 6 декември го призна Ерусалим за главен град на Израел.