Утре ќе има посебен режим за движење кон СЦ „Јане Сандански“
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2015
Ракометниот клуб Вардар преку својата интернет страница ги информира сите гледачи кои имаат купено влезница за дуелот Вардар – Барселона дека ќе има посебен режим на движење на возилата по главните улици околу Спортскиот Центар „Јане Сандански".
Според насоките на МВР, в недела од 8 часот наутро ќе биде забранет пристап за моторни возила околу СЦ „Јане Сандански", вклучувајќи го и паркингот до салата, а од 14 часот, па сѐ до крајот на натпреварот меѓу Вардар и Барселона (што почнува во 17.45 часот), ќе биде забранет пристап на сите моторни возила во насока кон СЦ „Јане Сандански".
Ќе биде воспоставен режим со кој ќе бидат затворени булеварите коишто водат кон СЦ „Јане Сандански" – булевар АСНОМ до булевар Србија и булевар АСНОМ до булевар „Јане Сандански“.