08 Октомври, 2024
0.1126

УТРИНСКИ ФОКУС: Исплива видео кое е доказен материјал-Боки 13 зема милиони во Луј Витон торба

Објавено во: Македонија 08 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Вести во фокусот на Фактор ова утро ...

*

(ВИДЕО) „РЕКЕТ“ СНИМЕН: Боки13 зема пари од Камчев, му ветува слобода и си оди

Со торба полна пари осомничените во „Рекет“ Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец заминуваат од домот на Орце Камчев.


*

Во кој бунар Владата фрла 7 милиони евра годишно?

„Македонски железници транспорт“ лани имал приходи од 12,3 милиони евра и уште 7 милиони евра субвенции од Владата. Кога ја урдиле цртата на крај на 2018 година фирмата била во загуба од 7,8 милиони евра, со акумулирана загуба од 71 милиони евра и вкупни обврски од 90 милиони евра.  Има ли решение за оваа црна дупка на македонската економија која „цица“ и од централниот буџет?

*

30 фабрики „џинови“ прават приходи како 5.000 други фирми во земјава

Триесет компании од вкупно регистрирани над 53 илјади прават над 12 отсто од вкупните приходи на целиот корпоративен сектор во земјава. Овие 30 фирми кои се всушност само 0,05 отсто од вкупниот број компании во земјава, сепак заработиле 12,4 отсто од сета добивка која ја оствариле сите фирми во државата. Станува збор за новите производствени капацитети кои првенствено имаат странски сопственици и егзистираат во македонските технолошки индустриски зони. Анализа на Народната банка покажува дека само овие 30 фабрики имаат нето ефект од околу 2,1 отсто во вкупниот Брутодомашен производ од 2013 до 2016 година. Сепак анализата покажува дека овие фирми малку соработуваат со домашните компании и многу малку позајмуваат пари од македонските банки.

*

Колку е богат Нефи Усеини чии фирми се „чешлаат“ од полицијата?

Актуелниот член на Совет во општина Охрид Нефи Усеини во анкетниот лист што го пријавил при ДКСК поседува две куќи во Охрид и еден стан во Струга. 

*

Како му врви бизнисот на „Cineplexx“ во Македонија ?

Cineplexx е единственото комерцијално кино во Македонија и има убедливо најголем број на проекции и прикажани филмови во 2018 во споредба со сите други, но тоа не било  доволно за да оствари добивка минатата година, односно да го избегне работењето со загуба. Приходите на најпопуларниот киноприкажувач во Македонија лани биле 114 милиони денари, според податоците од Централниот регистар за 2018, но од друга страна се прикажани расходи од 137,1 милиони денари. Според тоа, австриската компанија, со 24 вработени во Македонија, остварила загуба од 22,5 милиони денари.

*

БУМ ПРЕКУ ЛЕТО: Иселениците си доаѓаат дома, а колку бракови се склучуваат во просек?

Во текот на летните месеци се склучуваат повеќе бракови во однос на остатокот од годината.

Ваквата состојба е резултат на тоа што луѓето кои се во странство, се враќаат дома и се венчаваат во своите општини. Јуни, јули, август и септември се месеци со најмногу склучени бракови. Бракови се склучуваат претежно во северозападниот дел на државата.

Можеби ќе ве интересира

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Двапати го носеле на Детската клиника

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА: Оваа функција ќе ја извршуваат Митева и Љатифи Азизи

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

УАПСЕН Е КОСОВСКИ ДРЖАВЈАНИН: Се сомничи дека го подметнал пожарот во општинската зграда во Тетово

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

Се работи на нови решенија во спорот со Бугарија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО КАВАДАРЦИ - повреден 20-годишен возач на мотоцикл

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот

Протест против леарница за алуминиум во Ново Село: Таткото на градоначалникот е изведувач на објектот

Тачи: Јас бев главен преговарач за Европскиот фронт, ВМРО-ДПМНЕ веднаш одбија

Тачи: Јас бев главен преговарач за Европскиот фронт, ВМРО-ДПМНЕ веднаш одбија

„КАКВА ВРСКА ИМА ПРОМЕНА НА ИМЕ, ЗНАМЕ, УСТАВ СО КОПЕНХАШКИТЕ КРИТЕРИУМИ“: Мицкоски дециден - премногу отстапки кон Бугарија направивме

„КАКВА ВРСКА ИМА ПРОМЕНА НА ИМЕ, ЗНАМЕ, УСТАВ СО КОПЕНХАШКИТЕ КРИТЕРИУМИ“: Мицкоски дециден - премногу отстапки кон Бугарија направивме

„СРЕЌНА 50-КА ДРУЖЕ ЗОРАНЕ“: Зоран Заев слави јубилеен роденден

„СРЕЌНА 50-КА ДРУЖЕ ЗОРАНЕ“: Зоран Заев слави јубилеен роденден