29 Јуни, 2024
0.0357

УТРИНСКИ ФОКУС: Кои се господарите на струјата во Македонија - Мицотакис нов премиер на Грција

Објавено во: Македонија 08 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

*  Кои се господарите на струјата на македонскиот пазар?

Македонскиот пазар на електрична енергија на големо и мало (снабдувачи и трговци) лани генерирал продажби на струја вредни  322 милиони евра. На пазарот учествувале како снабдувачи или трговци вкупно 42 компании, дел од енергијата завршил на нашиот пазар, а дел во извоз. Клучни играчи се во тоа време домашната компанија ЕДС (подоцна продадено на грчкото државно електростопанство) и ГЕН-И (словенечка компанија)

Македонскиот пазар за електрична енергија на струјата се продава по пазарни цени (н.з. не се однесува на домаќинствата чии цени ги утврдува Регулаторната комисија за енергетика РКЕ) илани генерирал приход од 322 милиони евра . На неговите два сегменти: слободен пазар (големи и мали потрошувачи) и слободен пазар на големо (н.з. вклучува и енергија што транзитира низ нашата преносна мрежа) тргуваат вкупно 42 компании, покажуваат официјалните податоци објавени од РКЕ во нивниот годишен извештај за 2018 година јавно достапен на нивната веб страница.

Мицотакис денеска го добива мандатот за Влада, Ципрас верува дека Сириза брзо ќе се врати на власт

Киријакос Мицотакис денеска ќе ја даде свечената заклетва како нов премиер на Грција во Претседателската палата и ќе го добие мандатот да состави Влада по убедливата победа на Нова Демократија против Сириза на Алексис Ципрас по вчерашните предвремени парламентарни избори во Грција.

Претходно, актуелниот претседател на грчкиот парламент, Никос Вуцис, ќе оди во Претседателската палата за да го информира претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, за исходот на изборите. Утре се очекува да се објави составот на новата влада, а новиот кабинет ќе се состане за прв пат в среда.

Нова Демократија обезбеди апсолутно мнозинство од 159 пратеници од можни 300, додека Сириза има 86. Остатокот од распределбата е кај четири помали коалиции.

Премиерот во заминување Алексис Ципрас нагласи дека секој што се бори знае да изгуби, но исто така и да стане кога ќе падне. "Ние ќе работиме со тврдоглавост за да го направиме поразот привремен", изјави првично тој.

*  ШНЕБЕЛИ: Членството во ЕУ носи бенефит за сите инвеститори, а банкарските камати ќе паѓаат

Раст во повеќе сегменти во банкарското работење бележи Силк Роуд Банка, веќе две години по ред. Продорот на пазарот по преземањето на сопствеништвото е дел од успешната швајцарска банкарска стратегија која на наше тло ја применува менаџментот на оваа банка единсвтена со стопроцентен швајцарски капитал во земјава. Во интервју за Фактор, директорот Ролф Шнебели, вели дека очекува импресивен раст во сите аспекти од работењето и во иднина. Членството на Македонија во НАТО и во Европската Унија, според него значајно ќе го набилда економскиот перформанс на земјата, па вели дека граѓаните треба да очекуваат доста банкарски новитети, но и повеќе кредити со пониски каматни стапки. Го прашав прво, како самиот гледа на овој пробив, по преземањето на банката во Македонија од грчка Алфа банка.

Шнебели: Вистина е дека оваа банка имаше значаен напредок овие три години години. Претходно банката имаше загуба, и негативниот резултат се одржал осум години по ред, со исклучок на една година. Се разбира, за тоа имало повеќе причини. Ние дојдовме да бидеме помала ама здрава банка. Имавме можности кои поранешните сопственици можеби не ги имале. Кога ја презедовме банката во мај 2016 година, банката веќе имаше значителна годишна загуба, но сепак успеавме годината да ја завршиме со 200.000 евра профит. Имавме и високо ниво на нефункционални кредити, кои успеавме да ги редуцираме на прифатливо ниво. Ги ликвидиравме овие кредити не само за да направиме профит, туку главната цел и водич беше да се ослободи капитал кој ќе биде наменет за идни кредити, за финансирање нови бизниси. 

*  Синдикална минимална кошница: Здравјето секогаш последно на листата?

Најмногу пари се даваат за храна и пијалоци, а најмалку за култура и за здравјето.  Ова може да се забележи од вредноста на синдикалната минимална кошница.

Таа за април  2019 година изнесувала  32.990 денари, а за март  2019 година изнесувала 32.852 денари. Вредноста на синдикалната минимална кошница за јануари годинава чинела 32.761 денари. Но, многу мал дел од овие пари се трошат за култура или за одржување на здравјето. За културата граѓаните одвојуваат  над 1.000 денари и нешто повеќе од 700 денари за здравјето. 2.331,66 денари се трошат во просек за хигиена, 2.386,93 денари за превоз и 2.164,90 за облека и обувки. Ова покажува дека во трката за преживување, да се задоволат основните животни потреби, граѓаните го запоставуваат здравјето. Oд друга страна 13.909 денари се трошат просечно за храна и пијалоци.

Можеби ќе ве интересира

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

Викендов стабилно време, од понеделник повторно невреме: Еве што вели прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јанушев нов генерален секретар, први кадровски именувања на новата Влада

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МИЦКОСКИ НА СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ВЕЛЕС: Ветувањето за повисоки пензии го реализиравме во првите пет дена од формирањето на Владата

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

МУСЛИУ РАЗОЧАРАН ОД СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА: Вели претседателката попуштила пред партиски притисоци

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

СЕ НАПАЃА ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ СТОЛБОВИ НА ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР: ДУИ и АА реагираат на најавата за укинување на балансерот

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

МНР: Во целост ги почитуваме преземените обврски од меѓународните договори

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

НОВА ДИРЕКТОРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ: Сиљановска - Давкова ја именуваше Габриела Јаковлева

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

СТЕРЈОВСКИ OБВИНИ ЗА СЕРИЈА НЕРЕГУЛАРНОСТИ: Не го признаваме пописот во Албанија

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ

ПЕТРОВСКА ОБВИНИ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ЧЛЕНОВИ: Бара во недела да нема избори за лидер на СДСМ