Утрово две сообраќајки во Скопје, на мета повторно велосипедист!
Објавено во: Македонија 22 Септември, 2015
Нема крај за незгодите во кои главни на удар , претежно во Скопје се велосипедисти.
Утрово околу 7.50 часот во главниот град се случила сообраќајна незгода кога возило рено“ со скопски регистерски таблици удрило во велосипедист кој со тешки повреди е пренесен во Ургентниот центар.
Незгодата се случила на булеварот „Трета македонска бригада“.
Се истражува случајот, а идентитетот на повреденото лице засега не е познат.
Другата сообраќајна несреќа се случила на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, кај трговскиот центар Скопјанка утрово во 4.45 часот.
Имено, Автомобил „ауди“ со скопски регистерски таблици движејќи се по булеварот, изгубил контрола и наместо да сврти на кривината десно, свртел лево, удрил во бетонскиот ѕид од фонтаната што се наоѓа на крстосница , возилото се извртело, а возачот останал приклештен во возилото.
Морале да интервенираат пожарникари и да го пресечат возилото бидејќи брзата помош и полицијата не можеле да го извадат 42-годишниот И.П. кој е пренесен во специјалната болница за хируршки болници „Наум Охридски“.
(Фото:Макфакс)