Ужасна трагедија: Најдени телата на близначките по кои трагаше цела Грција
Објавено во: Балкан 28 Јули, 2018
Потрагата за Софија и Василики привлече големо внимание во јавноста, а целата приказна доби пресврт кога нивниот татко рекол дека ги препознал на едно телевизиско видео и се понадевал дека ги спасил еден брод.
Подоцна , меѓутоа се покажало дека тоа не биле неговите ќерки, туку некои други девојчиња. Нивните тела се најдени јагленисани и се идентификувани.
Премиерот на Грција Алексис Ципрас рекол дека презема целосна политичка одговорност за смртоносните пожари во Атина, во кои животот го изгубиле најмалку 87 луѓе.
Тој исто така потврди дека има индиции дека пожарот е намерно предизвикан.