18 Декември, 2025
0.0480

ВАЛМИР АЗИРИ ЈА ИЗБРИША ПОРАКАТА ЗА КРШЕЊЕ РАЦЕ И НОЗЕ - „ама тоа нема да го спаси од гонење“, Фејсбук ги има постовите

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2022 12:34

Добивај вести на Viber

Фактот што Валмир Азири ја избриша спорната објава на Фејсбук, нема да го спаси од гонење.

Според сознанијата на Фактор, пратеникорт Антонио Милошоски, веќе ја поднел пријавата во полициската станица во Центар, и МВР веќе ќе почне да постапува по неа.

Односно, по оваа пријава ќе постапува Секторот за електронски криминал и ширење на омраза и насилство преку електронски пат, каде што влегуваат и социјалните мрежи.

Државниот секретар во министерството за култура Валмир Азири вчера ја напиша објавата, па потоа ја избриша, но како што дознаваме, од МВР на пратеникот Милошоски му кажале дека тоа нема да го спаси од натамошно гонење, бидејќи МВР има соработка со социјалната мрежа Фејсбук, и преку барање кое ќе го упатат до ниов, тие преку ИП адресата ќе ги пронајдат сите објхавии што тој ги споделил во текот на вчерашниот ден, без оглед што тој потоа ја избришал објавата. 

Покрај тоа, објавата веќе и ја пренесоа повеќе медиуми. 

Како што напишавме, пратеникот Антонио Милошоски во полициската станица Центар во Скопје пред надлежен началник го пријави функционерот на ДУИ Вaлмир Азири, државен секретар во Министерството за култура, за синоќа искажаните закани за физичко насилство кон Милошоски. 

Азири синоќа предку Фејсбук повика на физичко насилство против Милошоски, со нанесување на телесни повреди.

Денеска постот го нема на фејсбук на профилот на Азири.

Ова е по вчерашниот инцидент во Собранието, кога претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми кон опозицијата фрлаше предмети.

Еве што порача Азири. „Антиалбанец како Антонио Милошоски заслужува повеќе. Помина времето на продавачите на магла. Новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги омаловажат Албанците“, пишувало на постот.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Шилегов бара оставка од Филипче

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери