Ванковска за Калајџиев: Тоа значи дека мисли со своја, а не со партиска глава
Објавено во: Македонија 07 Септември, 2019
Професорката Билјана Ванковска вели дека ако Калајџиев е осамен во ставовите за СЈО, тоа не значи дека не е во право!
„Стручниот и академскиот став не подлежи на законот на мнозинско гласање. Тоа значи и дека мисли со своја, а не со партиска глава“, напиша таа на Фејсбук.
Инаку, вчера професорот Гордан Калајџиев кажа дека за СЈО е крај, и дека допрва ќе се види зошто се закопува СЈО.
Со овој став не се сложи министерката за правда, Рената Дескоска која кажа дека Калајџиев е осамен во ставот за СЈО. Предметите од СЈО ги презема ЈО, како што побара од притвор специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.