Вечерва БЕЛА НОЌ во Скопје, еве што ќе се случува
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2015
Со многу изложби,концерти, модни ревии, бесплатен филмски маратон и мулјтимедијални спектакли ќе биде одбележано 11-то издание на манифестацијата ,,Беќа ноќ" во Скопје.
Настанот официјално ќе биде отворен вечерва во 20:30 часот во Музеј на Македонија, каде ќе биде поставена изложбата „Црвен петел – црна кокошка: култови на плодност, обреди, обичаи и верувања“.
Младинскиот културен центар најави дека на плоштадот Пела ќе одржи концерт на мултимедијалниот колектив The Stroj, а пред нив ќе настапат The protagonist.
Во музејот на град Скопје ќе има изложба на Ерос и Танатос, а во културниот информативен центар изложба на „Четири пози„ на авторите:Никола Мартиновски, Васил Василев, Мирослав Масин и Никола Ангековски;
Во градскиот парк ќе биде организиран Панк-рок фестивал. Концерт на платото пред МКЦ – Фуснота, Палиндром, Миллко, Тело-наука совршена, но и Tajcido и Jona од Албанија.
Во градското кино Милениум, ќе има бесплатно прикажување на филмовите „Ничие Дете“ и „Зимски Сон“. А бесплетен ќе биде и јавниот превоз во автобусите на ЈСП.
Ова е дел од агендата за вечерашната манифестација, целата програма погледнете ја тука.