16 Декември, 2025
0.2835

Вечерва ексклузивно интервју со Новак Ѓоковиќ на ТВ 24 вести

Објавено во: Мои пари 11 Март, 2015 14:17

Добивај вести на Viber

Новинарката Сања Савевска сними ексклузивно интервју со најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, кое вечера во 20.40 часот ќе се емитува на телевизијата 24 вести.

Интервјуто со Ѓоковиќ во интервјуто се реализираше за време на неговите подготовки за Дејвис Куп натпреварите во Краљево, во кое тој открива интересни детали за неговата кариера, моментите кога посакал да се откаже од тенисот, поддршката од семејството и промените кај него откако стана татко.

За Македонија вели дека ја почитува, како и македонската култура и традиција, но за жал досега немал можност да ја посети.

novak 24 vesti 1

„Се надевам дека ќе соберам сила и ќе најдам време во распоредот да дојдам и да ја посетам Македонија“, изјави Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот за ТВ 24 Вести.

Новинарката Сања Савевска била упорна и чекала две години да го сними интервјуто со Новак Ѓоковиќ, кое за првпат ексклузивно ќе се емитува на 24 вести.

„Тенисот е еден од спортовите што со задоволство го гледам, а Новак е мојот омилен тенисер. Тоа не е само поради играта туку и поради харизмата која ја поседува, забавата која ја приредува по и за време на натпреварите и начинот на којшто се однесува кон своите обожователи. Интервјуто го чекав две години, и можам да кажам дека воопшто не е лесно да се дојде до него поради обврските и патувањата што ги има, но на крај мојата упорност се исплати“, вели Сања Савевска.

Новак Ѓоковиќ во моментов е во водство со 4000 поени пред второпласираниот Роџер Федерер на АТП листата.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив