Велигден и 1 Мај го испразнија Скопје
Објавено во: Македонија 01 Мај, 2016
Празниците Велигден и 1 Мај се одбележуваат денеска, што придонесе граѓаните да заминат надвор од главниот град.
На најфреквентните сообраќајници денеска протокот на возила и патници е значително намален. Сликата е иста секогаш кога има продолжен викенд.
Многумина продолжениот викенд го искористија да заминат со своите најблиски во домашните туристички центри како Охрид, Дојран или пак во соседна Грција.