05 Јули, 2024
0.0339

ВЕТУВАЊА НА АНГРО: има ли од каде да се обезбедат пари?

Објавено во: Економија 26 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Повисоки плати за 30% за информатичарите во државните институции, плаќање на заостанатите придонеси на рати и со попусти. Владата излезе со нов пакет мерки  за компаниите, малите бизниси, земјоделците, трговците. Во исто време сите самовработени лица  што имаат долг по основ на неплатени придонеси за пензиско и инвалидско осигурување во период до крајот на 2008 година, ќе можат да го платат долгот на рати и тоа најмногу до 24 месеци во зависност од висината на долгот и тоа со целосно ослободување од камата. Претходно власта најави повисоки плати за полицајците. Повеќе од 10 100 полицјаци и овластени лица, вработени во Министерството за внатрешни работи, во мај ќе добијат повисока плата. Веста за зголемување на платите во едно од најгломазните министерства во Владата ја соопшти неодамна лично премиерот Никола Груевски. Според дел од аналитичарите, оваа вест отвора и политичка и економска дилема. Прво, со кои пари ќе се финасираат сите овие “екстра“ трошења и второ, зошто оваа најава доѓа во ек на политичка криза. Министерството за внатрешни работи е едно од оние кои имаат, односно располагаат со најголем буџет. За годинава МВР е планирано да потроши 156,1 милион евра. Најголем дел од парите, или повеќе од две третини ќе завршат за плати на вработените, чиј број според податоците од Буџетот за 2015 та изнесува 10 925 лица. Продлабочување на дефицитот Според универзитетскиот професор и еден од поранешните министри за финансии, Никола Поповски, за да го релизира ова ветување, Владата неминовно ќе посегне кон продблабочување на буџетскиот дефицит, односно по нови кредит. Професорот Поповски неодамна изјави декав смета оти е неостварливо сценариото во кое Владата би посегнала по кратење на други трошоци за да обезбеди пари за ова зголемување на платите. “Се работи за политички намери кои немаат економска позадина. Македонија во последните две години се движи во зона на многу ниска инфлација, па дури и дефлација. Од друга страна состојбата на јавните финансии е катастрофална и тие се потпираат на огромни дефицити и задолжувања и овој тренд само ќе продолжи бидејќи Владата нема да скрати од раходите, нема да ги зголеми даноците туку едноставно ќе го зголеми кредитирањето што ќе го враќаат идните генерации„, смета професорот Поповски. Првичната пресметка покажува дека во декември 2017 та година, буџетот за плати на полицајците ќе се зголеми за половина милион евра месечно, или на годишно ниво ќе бидат потребни 6 милиони евра. “Ќе вработуваат народ, со пари на народот“, напиша во својата колумна универзитетскиот професор Крсте Шајноски, според кого Владата посегнува по мерки и потези кои само содаваат илузија. “Им гори под нозете. За тоа  повеќе од јасно потврдува фактот, што сега не само што пејат по трибини, туку пари делат „шаком и капом“. Штетите на земјоделците од поплавите ќе ги покриеле не 50, не 70, 100%. И платите на полицајците ќе ги покачеле.  Студентите мислам,  не ајпади,  што и да им побараат ќе им дадат. Се расфрлаат со пари , а велат и ќе го зголемеле вработувањето. Ќе вработувале народ, со пари од народот“, пишува професорот Шајноски. Сите мерки имаат политичка заднина? Поранешниот министер за финансии Поповски вели дека покрај економската дилема, зголемувањето на платите има и политичка порака, односно заднина. “За катастрофалната состојба со македонските јавни финансии, па и со економската состојба ова е доплнителен катастрофален потег кој е инспириран исклучиво од политички причини и намери затоа што владата, според мене се наоѓа во една многу тешка ситуација во која поблиску е до давање на оставка или заминување отколку до опстојување и премерот ќе се сака да ги зајакне сите репресивни органи, како полицијата, обвинителството, судовите и треба да очекуваме вакви потези“, смета професорот Поповски. Според буџетските контури за годинава,  за финасирање на платите и придонесите на буџетарите се планирани скоро 400 милиони евра, или речиси 14 милиони евра повеќе од лани. Последното зголемување на платите на администрацијата се спроведе во ноември 2014 та година, кога платите се зголемија за 5%..

Можеби ќе ве интересира

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

Летниот бум на патувањата во Кина ќе го поттикне економскиот моментум

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

„ЗА СЕДУМ И ПОЛ МЕСЕЦИ ДОЈДОВ ДО ПРОМЕТ ОД 40 МИЛИОНИ ТОГАШНИ МАРКИ, БЕШЕ ЕКСПЛОЗИЈА“ - новиот поткаст Бизнис Муабети на Фактор со Велија Рамковски

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

Мицкоски објави нова инвестиција, ќе се гради фабрика во Петровец

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

ЌЕ ГО ШИРАТ БИОГАСНИОТ КОМПЛЕКС ВО ОВЧЕПОЛИЕТО: Синовите на Кочо Анѓушев ја купија фармата Ерџелијa

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

Која скопска компанија за потребите на своите клиенти плати 1,22 милиони евра за паркинг простор?

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш

ЕУ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА: Ќе има високи царини за кинеските електрични возила - стапуваат на сила веднаш

МАЛО МЕСТО НА ИСТРА: Квадрат чини скоро 5.000 евра

МАЛО МЕСТО НА ИСТРА: Квадрат чини скоро 5.000 евра

ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?

ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?

БИЗНИС ДРУЖЕЊЕ СО ЧЛЕНКИТЕ - Стопанската комора на Северна Македонија организираше спектакуларен настан

БИЗНИС ДРУЖЕЊЕ СО ЧЛЕНКИТЕ - Стопанската комора на Северна Македонија организираше спектакуларен настан