(ВИДЕО-ФОТО) ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДА: „Трето дете без воздух не расте“
Објавено во: Македонија 28 Декември, 2015
Во моментов пред Владата се одржува протест против енормното загадување на воздухот во главниот град.
Голем број на граѓани со различни транспаренти во раце и маски на лицата алармираат дека повеќе не се дише.
„Не угушивте бре ало“, „Трето дете без воздух не расте“, „Филтри наместо финти“, се дел од транспарентите кои ги носат граѓаните.
Протест пред Влада! #НеСеДише! Posted by Vlatko Vasilj on понеделник, 28 декември 2015
Организатори на протестот се неколку граѓански здруженија кои предлагаат неколку мерки кои сметаат дека ќе придонесат за намалување на енормното загадување.
Владата пред неколку дена донесе препораки до сите работодавци да ги ослободат од работа старите лица и бремените жени, им препоача на граѓаните да го користат јавниот превоз наместо сопственото возило, но сепак останаа глуви на барањата да се распуштат порано учениците за зимскиот распуст.
Видео/Фото-Фејсбук