(ВИДЕО) Метеоролог и пилот со авион влетаа во ураганот Ирма
Објавено во: Свет 06 Септември, 2017
Метеоролог со авион влетал сред ураганот Ирма, што може да се види од видеото кое го објави.
Пилотот и метеорологот Ник Андервуд намерно влетаа право во ураганот Ирма, кој се смета за најсилниот ураган досега, со ветер со брзина од 224 километри на час, за да соберат податоци за движењето на ураганот.
Ник ја работи својата работа додека ураганот го отфрла авионот со леснотија. Тој објаснува дека неговата работа е од местото на настанот да собере доволен број на податоци со чија помош ќе може да се предвиди понатамошното движење на ураганот Ирма.
„Можам да слушам музика наместо да го слушам звукот на моторот. Таа автоматски се намалува доколку пилотот треба нешто да ми пренесе, така да постојано сме во комуникација“ - вели тој.
Додава дека во 4 часот наутро влегле во ураганот.
Ураганот Ирма уништи згради и предизвика голема поплава во неколку француски острови во територијата на Карибите.