ВИДЕО:На Матка откриена нова подводна пештера
Објавено во: Македонија 25 Април, 2016
Членовите од спелеo- нуркачкиот клуб „Врело“ и нуркачкиот клуб „Акватек” открија нова подводна пештера во езерото Матка.
Во текот на редовните активности тие го забележале влезот од новата подводна пештера и решиле да го истражат пределот. Објаснуваат дека влезот не се забележува лесно бидејќи е скриен во околниот карпест предел.
Тие сметаат дека постои меѓусебна поврзаност со Врело, поради непосредната близина на двете подводни пештери. Нуркачите велат дека некој од внатрешните канали кои ги забележале при експедицијата е можно да водат токму до некоја од галериите на Врело.
„Во галеријата забележавме голем број на жив свет и подводна флора, што само ни налага понатамошно истражување и документирање - вели Даниел Атанасовски, сертифициран инструктор по нуркање од клубот „Акватек“.
Водата во новата пештера ќе биде дополнително истражувана со понатамошните експедиции на нуркачите од „Акватек“ и од „Врело“. Овие пештери се извори на чиста вода, којашто претставува само 2.5 % од вкупната водна површина на Земјата.
[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/13ZrSZe0Ryw[/embed]