16 Декември, 2025
0.0712

ВИДЕО ПАНДЕВ: Нaјголем проблем кај нас се поранешните селектори

Објавено во: Мои пари 26 Мај, 2016 13:13

Добивај вести на Viber

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев во емисијата „Куќа на фудбалот“ меѓу другото се осврна на состојбата во македонската репрезентација и случувањата во изминатиот период. Според него најголемите проблеми во националниот тим се поранешните селектори и бивши фудбалери кои шират негативна енергија, а не се посветуваат на напредок на македонскиот фудбал. „Поранешни селектори и фудбалери се најголемите виновници што на нашите натпревари нема ниту две илјади гледачи. Најголем проблем кај нас се некои поранешни селектори и поранешни фудбалери. Оваа негативна енергија што ја направија околу репрезентацијата е од Џиџи, Јонуз, и многу други кои почнаа да се занимаваат со менаџерски работи. Доста е од Јонуз, Џиџи, Драган Томовски, Ангел Бунгуров.... Треба да дојдат нови лица, како Игор Митревски, Николче Новески, Баевски, бидејќи фудбалот не е ист со оној од пред 10-20 години. Фудбалот оди напред“- истакна Пандев. Македонскиот капитен го посочи поранешниот селектор Мирсад Јонуз дека барал од него да не се враќа во „црвено-жолтиот“ дрес. „Јонуз беше кај мене во Џенова и негов став беше дека сега не е време да се вратам во репрезентацијата и дека јас треба да бидам следен претседател на ФФМ. Тоа не е моја желба и јас нема никогаш да бидам претседател на федерацијата. Мене никој не може да ми каже да не играм за Македонија“- потенцира Пандев.

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/jt-SCRAjOMA[/embed]

Можеби ќе ве интересира

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк