(ВИДЕО) Пристигна долгоочекуваната божиќна реклама … и повторно ќе ве разнежи!
Објавено во: Мои пари 06 Ноември, 2014
Скоја година отприлика во исто време британската стоковна куќа цобјави реклама која сега традиционално во Велика Британија го означува почетокот на божиќната атмосфера.
Изгледа дека оваа година повторно имаат вистински хит, што не е толку чудно кога се земе во обзир дека на целата божиќна кампања се потрошени седум милиони фунти (самата реклама чини милион фунти), пренесува британски „Huffington Post.“
Ѕвезди на овогодинешната реклама се момчето Сам и неговиот пријател Монти, пингвин, кој станува осамен како што се приближува Божиќ. Во музичката придружба е насловот „Real Love“ од Џон Ленон во изведба на Том Оделл.
Минатогодишната реклама, во која главната улога ја имаа мечка и зајак, на Јутјуб е прегледана 13 милиони пати. Овогодинешната е насловена „Божиќот на Монти“ е седма режија на Доугал Вилсон. ТВ премиера доправа ја очекува, овој петок на Channelu 4, но затоа на интернет можете да погледнете со што се разнежија луѓето ширум светот.
Уживајте!