(ВИДЕО) Револуционерен изум кој ќе го посакаат повеќе од милијарда луѓе!
Објавено во: Мои пари 30 Август, 2014
Тинејџерката Анн Макосински на саемот во Канада го претстави својот уникатен изум кој, сигурни сме, ќе развесели не милиони, туку повеќе од милијарда луѓе. Како што повеќе од 1,2 милијарди луѓе ширум светот немаат регуларен пристап до струјата, 16 - годишната иноваторка би можела да стане хероина за нив.
Младата иноваторка Анн Макосински направи изум кој би можел да го промени светот, но условно. Имено,таа направила светилка која работи на телесна топлина па значи ќе свети се додека ја држите во раце. Како што 1,2 милијарда од светското население нема регуларен пристап до струја оваа иновација добива на сила, пишува Yahoo News.
Пријателот кој „живее во мрак“ бил пресуден за Анниниот ангажман.
Анн инаку студира на Универзитетот Св. Мајкл во Викторија, Канада, а потекнува од Филипините. Во една прилика разговарала со пријателот од таа земја, која живее на подрачје без електрична енергија.
И се пожалил дека порадифактот што живее во мрак, не може редовно да ги пишува домашните работи па така постигнува се послаби резултати во училиште.
Неговиот проблем, Анн одлучила да се обиде да го реши и на крај успеала.
Топлинската енергија која ја произведува човечката рака е доволна за работа на светилка.
Анн така истражувала разлни облици на алтернативна енергија па се запознала и со Пелтиеровиот елемент, односно уред кој произведува енергија кога на една страна се загрее, а на другата се лади.
Исто така во текот на истражувањето дошла до сознание како количина од топлинската енергија која ја произведува човечката рака е доволно силна за да се заштити Лед диодата од струјата, а со тоа и доволно јака за движење на батериска светилка.
Освен што со својот изум Анн ќе донесе радост во многу агли на светот и сама се развеселила. Имено, на споменатиот канадски саем добила голем трофеј изработен од Лего коцкици. Со прилог и посетата на седиштето на оваа фирма во Данска добила стипендија во износ од 25 илјади долари.