15 Јануари, 2025
0.0877

(ВИДЕО) РТЛ: Џелат од ИСИС во Скопје!

Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Шокантно интервју на германската РТЛ. Џихадист од Сирија се крие во Скопје ...

Шокантна сторија со интервју за џихадизмот на Балканот објави Германската ТВ мрежа РТЛ веднаш по терористичките напади кои го потресоа Париз и светот.

Со покриено лице со марама  и во темнина се појави еден од повратниците од боиштата во Сирија кој, како што се гледа од снимките престојува во Македонија, пренесе Утрински весник повикувајќи се на РТЛ.

Џихадистот во интервјуто раскажува како обезглавувал луѓе во име на ИСИС но дека сега се вратил назад и се крие токму во нашата држава.

„Убивме две жени и тројца мажи, при што не смеевме да ги застреламе туку моравме да ги обезглавиме со нож. Ако беше возможно, требаше тоа да го правиме јавно, за да го видат другите“, вели џихадистот во интервјуто, кое беше илустрирано со снимки од Скопје, од строгиот центар на градот и една позната туристичка агенција.

Преставувајќи се себеси тој потврдува дека е роден на Блаканот, но пораснал во Германија каде живеел со семејството се до пред една година, кога заминал на четири месеци во Сирија, па се засолнил кај нас, што не го кажува туку се гледа од снимката и од деталите изнесени во разговорот.

Интервјуто, според РТЛ, е снимено во септември, но делови од него се емитуваа по вторпат заради настаните во Париз. Во него џихадистот повратник објаснува, исто така, дека македонската полиција во почетокот на август упаднала во џамија во Скопје верувајќи дека таа е меѓустаница на европските џихадисти, дека бил уапсен оџата кој бил симпатизер на ИСИС, но не биле уапсени сите радикални муслимани. Според него, уапсениот оџа ги подучувал почетниците кои, како што рекол, тајната служба досега не ги открила. Тоа се илустрира со снимка на една скопска џамија на која е насликан симболот на ИСИС.

Балканот е идеално место да се скрие. "Тука царува насекаде корупцијата, дури и на највисоко ниво. Исто така, може да се купи дозвола за престој",раскажува џихадистот кој се борел за Исламска држава четири месеци.

Во текот на сторијата новинарката која го прави интервјуто разговарала и со поранешниот портпарол на МВР Иво Котески.

Погледнете го видеото на возбудливото интервју со Аднан кој објаснува зошто тој досега не заминал во Сирија и како тој гледа на иднината во Европа.

Видеото може да го погледнете на овој линк.

Можеби ќе ве интересира

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

Левица: Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши, ја ставаат партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба

Левица: Скандалозните и неделовнички изјави на Гаши, ја ставаат партијата на Мицкоски со 58 пратеници во потчинета положба