11 Мај, 2024
0.0265

(ВИДЕО) Сакате да работите во Google? Еве како можете да добиете работа

Објавено во: Мои пари 02 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Што ќе вечераме? ако на интервју за работа ви го постават ова прашање најчесто ќе го сметате за необично доколку доаѓа од потенцијалниот работодавец, но воопшто не е бесмислено. -Ако на ова прашање кандидатите одговорат дека им е сеедно или дека одлуката ја оставаат на нас, тогаш тоа покажува дека тие не се подготвени да ја преземат иницијативата, што во професионална смисла е лошо и нашата компанија таквите одговори ги оценува како незадоволувачки, вели Лазло Бок, експертот за човечки ресурси од Google.   Бок, кој е на чело на одделот за човечки ресурси во Google, открива дека во последно време во компанијата е забележан пораст на вработените кои немаат факултетско образование, за дури 14%. „Талентот доаѓа во различни форми, а тоа треба да се земе во предвид, како и фактот што позади знаењето не секогаш е неопходна диплома, меѓутоа секако, не би било лошо кандидатот да ја поседува“, вели тој. -Од друга страна, не смееме да ги запоставиме луѓето кои од оваа или онаа причина не биле во можност да се запишат на факултет, меѓутоа успеале во она со кое се занимаваат, на свој, најчесто тежок начин. Ова се исклучителни личности и нив секогаш треба да им се даде шанса. Поголемиот дел од работата во Google бара математички, компјутерски и програмерски вештини, но секако тоа не е се` што треба да поседува еден кандидат, истакнува Бок. Бок вели дека постојат пет клучни услови кои кандидатот мора да ги поседува за да добие работа во оваа компанија. -Како прво, тоа се техничките познавања кои мораат да доаѓаат во пакет со способноста и желбата за понатамошно учење и надградување. Не станува збор само за интелигенција, туку и за амбициозност. Потоа, потребно е кандидатот да знае кога и како да преземе иницијатива. Очекуваме кандидатот да знае да се соочи со одреден проблем и навремено и на вистински начин да биде во состојба да го води тимот, без разлика на тоа колку луѓе се во тимот, вели Бок. Исто така, важно е и чувството на понизност и одговорност, во смисла на повлекување кога е потребно и прифаќање на идеите кои се подобри од оние на кандадидатот, доколку се. -Без признавањето дека не сте најпаметни во светот, не можете да учите - и тоа како е потребно човек постојано да учи за да успее да ги реши проблемите. И секако, тука е и стручноста. Но стручноста од која мораат да произлезат и да бидат изразени когнитивните способности, подготвеноста за учење и преземање на водството. Ако сето ова не е во пакет, кандидатот може да биде најголем експерт во одредено поле, меѓутоа ние ќе го замениме со кандидат кој ги исполнува и овие другите услови, завршува тој. Обработи: К.К.

Можеби ќе ве интересира

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

Кога последен пат сте ја играле оваа игра?

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

НЛБ Групацијата ги објави победниците на регионалниот проект „Рамка за помош“

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните