(ВИДЕО) УКИМ стана воена зона-Протест и контрапротест!
Објавено во: Македонија 14 Декември, 2015
Тензично во кампусот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје.
Утрово студенти од Студентскиот пленум и младинската организација Мугра ја блокираа работата на ректоратот на УКИМ.
Тие се револтирани од сечата која се случи во паркот на територијата на УКИМ без консултации од студентите.
Таму е предвидена изградба на два нови барокни факултети.
Протестот на Студентскиот пленум беше проследен со контрапротест во организација на деканот на ФИНКИ Иван Чорбев и десеттина студенти.
Додека студентите од Студенскиот пленум ги повикуваа своите колеги од ФИНКИ и Факултетот за физичка култура на разговор, бидејќи, како што велат, тие не се против градењето на факултети, туку против начинот на кој тоа се прави и каде тоа се прави. студентите од ФИНКИ, тврдат дека нивниот потег не претставува контрапротест, туку солидарност за, како што изјавија, загубата на 47-те садници кои беа исечени во кампусот на УКИМ на локацијата која сега е оградена со тараби и на која е предвидена изградба на двете барокни згради.
Според видеото кое го споделија на социјалната мрежа Фејсбук, од Студентскиот пленум велат дека УКИМ тснал воена зона бидејќи во моментов таму се распоредени припадници на МВР, со џипови и опрема за брзо распределување.
УКИМ без дозвола од ректорот, станува како воена зона - припадници на МВР, со џипови и опрема за брзо распределување. Posted by Студентски Пленум on понеделник, 14 декември 2015Видеото може да го видите тука.