(ВИДЕО) Ветер со брзина од 140 км/ч: Германија ја погоди страшно невреме
Објавено во: Свет 10 Август, 2018
По топлотниот бран, вчера во северните делови на Германија дојде до страшно невреме, проследено со ветер со брзина од 140 км/ч и јак дожд, поради кој беше прекинат сообраќајот.
Германската железница соопшти дека денес се откажани неколку линии, односно од Хамбург – Хановер и од Хановер – Бремен.
Исто така, блокиран е и железничкиот сообраќај од Берлин до Амстердам. Денес, пак во Норвешка е издадено предупредување за можно невреме на југот од земјата.