(ВИДЕО) Ви претставуваме апарат кој пластичните кеси ги претвара во гориво!
Објавено во: Мои пари 07 Ноември, 2014
Познато е дека пластичните кеси се голем непријател за животната средина. Не само што за нивната изработка се користи нафта, туку после нивната употреба се потреби стотици години за да се разградат. Поради очигледните негативни ефекти ширум светот се повеќе примери има за забрана на употребата и производството на пластичните кеси.
Експерти тврдат дека целосното решение на овој проблем ќе бара долготрајни напори. „Кога секаде во светот во ист дрн би се забранило производството и употребата на пластичните кеси проблемот и понатаму не би го решиле во целост.“
Секако неопходно е да ја забраниме нивната употреба и производство но бројот на произведени кеси од почеткот на седумдесетите години до денеска е огромно. Имајќи го предвид времето потребно да се разградат, решението на овој проблем нема да биде лесно и ефтино.
Јапонскиот пронаоѓач Акинори Ито, за да го поедностави решението на овој проблем констуриал апарат кој може пластичните кеси да ги претвори во гориво при тоа нема емисија на јаглерод диоксид.
Апаратот кој сега се продава преку корпорацијата „Блест“ ја загрева и претвара пластиката во гас кој се спроведува во системот на цевката, каде испарувањето се лади и кондензира во сурова нафта. Суровата нафта може да се користи во генераторите па дури и во некои печки. Таа може да се преработи само еден чекор и да се користи како безнин.
Овој навистина ефикасен апарат може да преработи два килограми пластика (вклучувајќи и полиетилен, стиропор и полипропилен) во еден литар нафта користејќи само еден киловат струја. Комерцијалната употреба на овој апарат овозможува тешко разградливата пластика брзо и целосно да се изгуби од нашите депонии и улици.
Апаратот засега чини околу 10 000 американски долари, а произведувачите имаат намера да ги намалат трошоците на производство и така да го прилагодат и за домашна употреба. Се очекува и цената да се намали со зголемена употреба и побарувачка.