16 Декември, 2025
0.1104

ВИДЕО:Volvo претстави два нови концепти на компактни автомобили

Објавено во: Мои пари 20 Мај, 2016 13:14

Добивај вести на Viber

Компанијата Волво Карс (Volvo Cars), познат производител на премиум автомобили, претстави два нови концепти на мали автомобили, кои означуваат промена на стратешката насока на шведскиот бренд.

Волво го демонстрираше новиот концепт на возила од серијата 40 со кој планира да се прошири на огромниот и лукративен глобален пазар на мали автомобили со возила кои комбинираат смел надворешен и внатрешен дизајн со водечка технологија во поврзувањето, електрификацијата и технологијата на автономно возење.

Новите возила ќе бидат изработени на новиот Волво концепт Compact Modular Architecture (CMA), специјално креиран за мали возила, кој овозможува слободен пристап од страна на дизајнерите и инженерите за нови креативни храбри правци.

„Секој производ, член на нашето семејство, има свој посебен карактер, исто како и членовите на вистинското семејство. CMA помогна да доловиме нешто посебно, нешто младешко во нашиот концепт на автомобили. Тие имаат енергија, разорен и урбан карактер, што ги издвојува од толпата. Ова е вкусот на малите Волво автомобили кои доаѓаат“, вели Томас Ингенхалт, постар заменик претседател за дизајн во компанијата Volvo Car Group.

Стратегијата на производство на Volvo мали автомобили е суштински елемент во тековната глобална оперативна и финансиска трансформација. Шведската компанија, во моментов, спроведува амбициозен план за репозиционирање на брендот во натпревар со своите глобални конкуренти во следните четири години.

Новата гама мали автомобили ќе се состои од потполно електрични возила, како и “plug-in” хибридни верзии (алтернативна понуда), во согласност со заложбата на компанијата за целосна електрификација на своето портфолио. Волво планира да продаде до милион електрични возила до 2025 година на глобално ниво.

„Со прифаќање на модуларниот пристап за архитектурата на возилото и развојот на моторот имаме успех во премиум сегментот. Нашите нови електрични мотори отвораат уште едно возбудливо поглавје во приказната на Volvo“, вели др. Петер Мертенс, постар заменик претседател на одделот за Истражување и развој.

На врвот на смелиот надворешен дизајн и новите електрични мотори, автомобилите, исто така, ќе понудат палета иновативни услуги за поврзување плус светски најнапредните безбедносни карактеристики и важниот скандинавски дизајн на ентериер.

„Новата серија 40 на автомобили имаат потенцијал да го подобрат нашето пробивање на пазарот во еден многу важен растечки сегмент. Електричната програма мотори, вклучувајќи го и новиот plug in компактен двоен хибриден мотор, како и чисто електричниот автомобил, се централни за нашата архитектура CMA“, вели Хакан Самуелсон, претседател и главен извршен директор. Тој додава дека првата серијза 40 нови автомобили ќе почне со производство во 2017 година.

Објавувањето на новата глобална стратегија мали автомобили доаѓа по силниот старт на годината во однос на продажбата и профитабилноста. Компанијата по првите три месеци од оваа година најави зголемени приходи за 24 отсто, односно SEK41.7 bn, генерирање на оперативен зафат од SEK 3.1 bn и оперативен профит од 7.5 отсто. Глобалната продажба, во првиот квартал на 2016 година, се зголеми за 11.9 отсто на 120.591 автомобил. Volvo, на среден рок, има амбиција да продава 800.000 автомобили годишно, откако лани продаде 503.000 парчиња.

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/ITcde8N9Ym8[/embed]

Можеби ќе ве интересира

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк