(ВИДЕО) Запознајте го доктор Франкенштајн: Овој хирург планира да пресади човечка глава!
Објавено во: Мои пари 03 Март, 2015 20:11
Дали е ова монструозна лудост во стил на доктор Менгеле или иднината на медицината, не сме сигурни. Но контроверзниот доктор Серџо Канаверо тврди дека за две години ќе биде во состојба да направи целосна трансформација на главата.
Не, не е во прашање научна фантастика, а ни хорор приказна од нацистички логор. Еден италијански невролог тврди дека со помош на моментално достапните медицински технологии уште денес, а најдоцна за две години, ќе биде сосема можно со успех да се изведе операција пресадување на глава од еден човек на друг.
Тој е сигурен во можноста на трансплантација на ново тело на глава на целосно неподвижен примател со воспоставување на нервни врски со 'рбетниот мозок. Според неговите зборови, најголем предизвик на проектот „HEAVEN“ како што го нарекол, би претставувало токму тоа поврзување на спиналните врски на донаторот и примателот.
Тој верува дека таа техника би можела да ги спаси животите на луѓето на кои телото им ослабнало од канцерот, или на оние со заболени нерви и мускули.
Операцијата во седумдесетите години на минатиот век е изведена на мајмуни со делумен успех, бидејќи хирурзите тогаш не успеале да го поврзат 'рбетниот мозок, па животното не можело да се движи. Живеело само девет дена, после што имуниот систем на телото ја отфрлил пресадената глава.
-Мислам дека сега во техничка смисла ги имаме тие можности, но ако тоа човештвото не го сака, нема да го правам. Ако само луѓето од Европа и САД мислат дека тоа не е во ред, тоа не значи дека јас нема да се обидам некаде на друго место. Се обидувам да одам по вистинскиот пат, но пред секој голем предизвик, сакате да ја имате поддршката на луѓето. Мојата работа претставува скица на можно сценарио кое би помогнало во случаите на целосно искинати нервни врски, состојби кои досега изгледаа целосно безизлезни -вели Канаверо.
Други хирурзи се многу сомнителни. Еден од нив е Хери Голдсмит, професор по неврологија на Универзитетот во Калифорнија.
-Ова е многу огромен проект, што и можностите тој да се оствари се многу мали. Не верувам дека би бил успешен. Процедурата е премногу комплицирана.
Патиша Скрипко, невролог од Салинас Вели Меморијалниот здравствен центар во Калифорнија исто така е скептична.
-Ако трансплантацијата на глава некогаш биде можна, тоа ќе биде изводливо во исклучително ретки случаи - вели таа.
Со други зборови, критиката овој негов концепт го прогласила за дело на „луд, злобен научник“. Одговарајќи на прашањето што мисли за етичкиот аспект на радикалните идеа за пресадување на глава (всушност, главата е примател, а телото се донира), тој открива дека во својата работа не се занимавал претерано со овие прашања, но се сложува дека и мислењето на експертската јавност би морало да се земе предвид.
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк








