Викендов привремен сообраќаен режим на улицата Трета Македонска Бригада
Објавено во: Македонија 27 Ноември, 2015
В недела (29.11.2015 година) на дел од улицата Трета македонска бригада, на потегот од крстосницата со улицата Васко Карангелевски до улицата Никола Карев, ќе се изведуваат прекопи за поставување подземни инсталации.
Поради тоа, на улицата ќе се воведе привремен сообраќаен режим, во времетраење од 8 до 17 часот, а на коловозот ќе се постави соодветна патна сигнализација.
Од Градот Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат нa привремено поставениот сообраќаен режим и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.