Викендов „Трета македонска бригада“ со привремен сообраќаен режим
Објавено во: Македонија 11 Декември, 2015
Викендов, поточно в недела на дел од улицата Трета македонска бригада, на потегот од крстосницата со улицата Васко Карангелевски до улицата Никола Карев, ќе се изведуваат прекопи за поставување подземни инсталации.
Поради тоа, на улицата ќе се воведе привремен сообраќаен режим, во времетраење од 8 до 20 часот, а на коловозот ќе се постави соодветна патна сигнализација, соопштуваат од Град Скопје.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат нa привремено поставениот сообраќаен режим и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.