27 Ноември, 2024
0.1597

„Висок старт за твојот стартап“ – Нов пакет на ПроКредит банка со поволности за нови компании, личен банкар и услуги без провизии

Објавено во: Мои пари 04 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

ПроКредит Банка, како дигитална банка посветена на развој на локалната бизнис заедница, преку своите професионални услуги постојано привлекува прогресивни компании. Овој пат, банката воведува специјална понуда за стартапи, нов пакет на услуги кој го олеснува начинот на кој новите бизниси управуваат со своите финансии, со што банката нуди целосна поддршка во клучните чекори кон успехот.

Разбирајќи ги предизвиците со кои се соочуваат стартапите, ПроКредит во новиот пакет вклучува личен советник за бизнис клиенти, без дополнителен паричен надомест. Овој професионалец ќе биде главна точка на комуникација со банката што ќе овозможи клиентите брзо и ефикасно да ги извршуваат неопходните операции во банката. Дополнително, советникот за бизнис клиенти ќе обезбеди водство и поддршка за да се осигура дека бизнисите донесуваат информирани финансиски одлуки, помагајќи им да напредуваат и растат.

Една од главните придобивки на стартап пакетот е бесплатно одржување на сметкатаза првите 2 години од датумот на основање на компанијата. Исто така претприемачите сега ќе можат да ги извршуваат своите секојдневни плаќања во доменот на платен промет во земјата со 0 денари надоместок.  Дополнително, со најниски и фиксни провизии за трансакции со странски земји, како и автоматизирани и бесплатни приливи од странство ПроКредит Банка го прави меѓународниот бизнис полесен и поисплатлив.

Стартап пакетот на новите компании им се овозможува онлајн отворање на сметка, целосен дигитален пристап до сметките, бизнис дебитна/кредитна картичка, како и реализацијата на трансакции и управувањето со нивните финансии од каде било и во секое време.

„ПроКредит банка секогаш поддржува напредни и иновативни идеи поради што постојано осмислуваме нови начини за поддршка на претприемачкиот потенцијал. Како докажан партнер на локалните бизнисивеќе 20 години, со 90% кредитно портфолио насочено токму кон малите и средни претпријатија, имаме големо искуство и експертиза за развој на претпријатија во рана фаза.Горди сме што воведуваме неспоредливо решение кое во одредена мера ќе помогне на новите бизниси, ќе ги минимизира финансиските бариери и ќе го забрза нивниот развој. Поддршката на стартап заедницата е во линија со социјалната одговорност на ПроКредит кон развој на македонската економија, поттикнуваќи иновации и отворање на нови работни места. Верувам дека ова е само почеток и дека понатаму ќе ги надополнуваме и усовршуваме услугите кои ќе ги нудиме на стартап компаниите” вели Милан Дамчевски, Член на Управниот одбор на ПроКредит Банка.

Како дополнителни предности се издвојуваат можноста за кредитирање по 12 месеци работа и ексклузивната опција за кредитна картичка со што Банката уште еднаш ја докажува посветеноста да им помогнеме на претприемачите побрзо да ги постигнат своите цели.

ПроКредит банка, насочувајќи се кон растот на новите бизниси постојано работи на подобрување на условите, па така и во периодот што следи стартапите ќе уживаат уште поголеми бенефити од банката.

Доколку сте стартап компанија која влегува на пазарот и има потреба од квалитетна поддршка при управувањето со финансиите, тогаш овој пакет е вистинскиот избор за вас. Повеќе информации за Стартап пакетот на ПроКредит Банка побарајте на ProCredit Bank - Стартапи (pcb.mk)

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

МТЕЛ спонзор на овогодинешното издание на ПИН Музичка конференција

МТЕЛ спонзор на овогодинешното издание на ПИН Музичка конференција

„Разбивање на тишината: Зборуваме за менструацијата во модерниот свет“: dm започнува со серија панел дискусии на државните универзитети и продолжува со реализација на активностите за студентките

„Разбивање на тишината: Зборуваме за менструацијата во модерниот свет“: dm започнува со серија панел дискусии на државните универзитети и продолжува со реализација на активностите за студентките

Халкбанк ќе го поддржи социјалното претприемништво со банкарски пакет развиен од студенти

Халкбанк ќе го поддржи социјалното претприемништво со банкарски пакет развиен од студенти

Младите заслужуваат повеќе од тоа што го покажуваат актуелните статистики

Младите заслужуваат повеќе од тоа што го покажуваат актуелните статистики

Концептот на намалување на штети е клучот за иднината без чад

Концептот на намалување на штети е клучот за иднината без чад

Вкусот на Карибите во Limak Skopje Luxury Hotel – спој на бројни култури и традиции

Вкусот на Карибите во Limak Skopje Luxury Hotel – спој на бројни култури и традиции