15 Март, 2025
0.0304

ВИСТИНСКО ЛЕТО, СЛЕДУВА НАТПРОСЕЧНО ТОПЛО ВРЕМЕ - Славчо Поповски со најнови детали

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2023 16:12

Добивај вести на Viber

– Во Македонија во следните денови ќе имаме натпросечно топло време, со високи максимални дневни температури на воздухот, што значи дека нашата територија и понатаму ќе биде под влијание на топла воздушна маса од југ (северните предели на Африка), пишува Славчо Поповски.

Времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Сепак во попладневните часови атмосферата нема да биде целосно стабилна и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност.

Во Скопје очекуваме слично време, со натпросечно високи максимални дневни температури на воздухот.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 17 степени, а особено во Малешевијата тие повремено ќе се спуштаат и под 10 степени. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 32 степени.

Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 14 и 17 степени, а максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 29 и 30 степени.

Ув индексот ќе има висока вредност, но не премногу висока и тој ќе има вредност 6.

Како што и претходно најавивме, месецот септември го поминуваме во знакот на летно и топло време за овој период од годината, но и со многу малку врнежи и тие се значително под просекот за месец септември – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

Можеби ќе ве интересира

А ШТО ВЕЛИ СТОИЛКОВИЌ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО СРБИЈА? Потребна им е дестабилизација, за полесно да се справат со Р.Српска и да ги протераат нашите браќа од Косово!

А ШТО ВЕЛИ СТОИЛКОВИЌ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО СРБИЈА? Потребна им е дестабилизација, за полесно да се справат со Р.Српска и да ги протераат нашите браќа од Косово!

Медис и важноста на научноистражувачката работа во областа на медицината: Интервју со Ирена Ефтимова

Медис и важноста на научноистражувачката работа во областа на медицината: Интервју со Ирена Ефтимова

НАЈТОПЛО ВО СКОПЈЕ, НЕВЕРОЈАТНИ 30 СТЕПЕНИ НЕ ОЧЕКУВААТ ДЕНЕСКА: Но, во вторник се враќа знимата, ќе има и снег

НАЈТОПЛО ВО СКОПЈЕ, НЕВЕРОЈАТНИ 30 СТЕПЕНИ НЕ ОЧЕКУВААТ ДЕНЕСКА: Но, во вторник се враќа знимата, ќе има и снег

БУГАРСКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ: Изградбата на пругата не е одложена

БУГАРСКО МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ: Изградбата на пругата не е одложена

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Асмир Јахоски доби 30 дена притвор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Асмир Јахоски доби 30 дена притвор

КРИВИЧЕН ЈА ПРЕИНАЧИ ОДЛУКАТА: Асмир Јахоски оди во притвор

КРИВИЧЕН ЈА ПРЕИНАЧИ ОДЛУКАТА: Асмир Јахоски оди во притвор

Кавадарчанец го подесил своето „бмв“ да создава огромна бучава, полицијата му го одзеде на три месеци

Кавадарчанец го подесил своето „бмв“ да создава огромна бучава, полицијата му го одзеде на три месеци

Министерство за животна средина: Граѓаните да ја поддржат изградбата на регионалната депонија во Новаци

Министерство за животна средина: Граѓаните да ја поддржат изградбата на регионалната депонија во Новаци

ЗА ТАНГО СЕ ПОТРЕБНИ ДВАЈЦА: Еве што вели Мицкоски за односите со Бугарија

ЗА ТАНГО СЕ ПОТРЕБНИ ДВАЈЦА: Еве што вели Мицкоски за односите со Бугарија