„Визер“ најави нова линија од Охрид до Лондон
Објавено во: Мои пари 10 Март, 2015 15:29
Од 14 јуни со авиокомпанија ВизЕр ќе може да летате на линијата од Охрид до Лондон два пати неделно, во среда и недела и за летот ќе треба да платите од 1499 денари па нагоре.
Ова се новитетите кои денеска ги најави оваа нискобуџетна компанија за во Македонија, а неодамна најави и нови летови од вториот македонски аеродром, кои ќе започнат на 1-ви јули со лет до Базел Мулхаус - Фрајбург. Со новата услуга Охрид - Лондон Лутон, Виз Ер во моментов нуди вкупно 21 линија до 9 земји од 2 македонски аеродроми, Скопје и Охрид.
- Денес на наше задоволство го објавуваме новиот лет од аеродромот во Охрид. Пред помалку од 2 месеци ја објавивме нашата прва рута од Охрид кон Базел Мулхаус Фрајбург, а денес додаваме и втора рута до Лондон Лутон во Велика Британија. Се надеваме дека нашите рути од Охрид кои ќе стартуваат ова лето ќе бидат добро прифатени од страна на потрошувачите, што би ни овозможило да воведеме нови ефтини летови од Македонија, изјави Ѓорѓу Абран, главен комерцијален директор на ВизЕр .
ВизЕр како најголемата ниско буџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа, управувајќи со 54 “Аирбус А320” авиони и нуди над 360 рути од 20 бази поврзувајќи 110 дестинации низ 38 држави.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




