02 Мај, 2024
0.0406

Владата ги поедноставни условите за кредитирање на микро и макро претпријатијата

Објавено во: Економија 31 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Поедноставни услови за кредитирање на микро и макро претпријатија, се содржани во оперативниот план за активни мерки за вработување на владата на Македонија.

Така, наместо условот кој велеше дека оние компании кои аплицираат за овие услови треба да имаат најмалку 2 вработени лица во период од 3 месеци пред огласот на кој се аплицира за средствата, новиот услов предвидува компаниите да имаат само едно вработено лице минимум 3 месеци пред огласот.

- Со ова се проширува основата на трговските субјекти кои може да аплицираат за евтините кредити. Освен нови вработувања, ќе се овозможи и проширување на дејноста, рече Ѓеорѓиев.

Владата ја задолжи Агенцијата за вработување во текот на следната недела, со овие изменети и подобрени услови, да објави нов оглас за аплицирање за добивање средства по оваа мерка.

- На огласот кој ќе трае десетина дена ќе може да аплицираат микро и малите претпријатија кои имаат барем еден вработен во период од три месеци. Секое ново отворено работно место ќе биде кредитирано со 3.000 евра, а ќе може да се аплицира за отворање максимум три нови работни места. Сумата што ќе може апликантот да ја добие изнесува максимум 9000 евра, информира портпаролот.

Рокот на поврат на овие средства кои апликантот ќе ги добие е 3 години, со грејс период од 1 година и со каматна стапка од само 1 отсто.

Според Ѓорѓиев, во рамки на овој оглас е веројатно да бидат објавени и други мерки од Оперативниот план за кои исто така ќе бидат унапредени условите за апликации.

Новите огласи ќе стартуваат од следната недела, а секое ново отворено работно место ќе биде кредитирано со 3 илјади евра, а ќе може да се аплицира за отворање на максимум 3 нови работни места.

Досега со оваа програма на владата, од почетокот на година биле одобрени кредити за над 250 лица, а со најновите измени владата очекува и зголемување на интересот

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности