10 Јануари, 2025
0.0338

Владата го раскинува договорот со „Сархемс“, контроверзниот милионски проект нема да се реализира

Објавено во: Економија 10 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Владата го раскинува договорот за јавно-приватно партнерство кој се потпиша под контроверзни и нејасни околности со „Сархемс“, компанијата регистрирана во Македонија за хеликоптерски спасувачки систем, откако претходно беше објавен јавен повик. 

Ова е наведено како една од точките на последната владина седница каде се споменува „започнување на постапка за раскинување на Договор за вопоставување на јавно приватно партнерство за формирање на современа модерна организација-платформа како ефикасен носител на хеликоптерски итен медицински систем во Република Северна Македонија (ХЕМС) и хеликоптерски услуги за пребарување и спасување (САР)“.

Единствено досега беше познато дека „Сархемс“, ги поднела до Владата своите барања во рамки на договорот за јавно-приватно партнерство пред неколку месеци, но што се случувало понатаму останува недоречено, бидејки потпишаниот договор беше недостапен за јавноста. 

Владата во декември минатата година потврди дека е потпишан договорот со компанијата, која требаше да нуди бесплатна медицинска помош како еден вид „воздушна болница“, а за тоа, по некоја логика, да наплаќа од осигурителните компании. Според минатогодишните најави на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, кој го туркаше овој проект, по половина година од потпишувањето на договорот, партнерот беше должен да набави два хеликоптери за помош и спасување и да ги остави за државата кога ќе истече рокот на партнерството.

Единствено досега е познато дека државата требаше да обезбеди државно земјиште за изградба на хелиодромите од страна на оваа компанија. „Сархемс“ е компанија на SHC Swedish Helicopter Consortium AB, регистрирана во Шведска. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта за грабеж тежок 72 милиони евра. додека Рашковски тврдеше дека овој договор нема да ја чини државата „ни денар“.

„Праксата вели дека ваквиот тип на услуги се наплаќаат преку договори со осигурителни компании. На осигурителните компании им е полесно да платат одредена такса и нивните осигуреници да имаат таков вид на помош во таа држава, отколку да плаќаат скапи поединечни ангажмани на хеликоптерски услуги на договорна база. Друг начин на наплата, е компаниите да го вметнуваат осигурувањето во зелените картони на автомобилите и во таков случај исто заштедуваат средства“, објаснуваше лани Рашковски по објавениот јавен повик и изборот на приватниот партнер.

За работата на хеликоптерската прва помош, генералниот секретаријат изработи и физибилити – студијата за Системот за хеликоптерско спасување. 

Според договорот, компанијата требаше да инвестира 9 милиони евра, а секоја година на државата да ѝ плаќа 10.000 евра. Интервенцијата на хеликоптерите требаше да биде во рок од 15 минути на територијата на целата земја. 

А.К.


Можеби ќе ве интересира

ЕСМ: Топланите продолжуваат да работат на природен гас, набавката на мазут е законска обврска

ЕСМ: Топланите продолжуваат да работат на природен гас, набавката на мазут е законска обврска

(ВИДЕО) Коце Трајановски: Инсистиравме на промена на дел од раководството на „Штрабаг“ за побргу да го завршиме патот

(ВИДЕО) Коце Трајановски: Инсистиравме на промена на дел од раководството на „Штрабаг“ за побргу да го завршиме патот

ПОВЕЌЕ РАБОТНИ ДОЗВОЛИ ЗА НЕПАЛЦИТЕ И ФИЛИПИНЦИТЕ ОД БИХ И КОСОВО: Во Хрватска уште високо котираат Македонците

ПОВЕЌЕ РАБОТНИ ДОЗВОЛИ ЗА НЕПАЛЦИТЕ И ФИЛИПИНЦИТЕ ОД БИХ И КОСОВО: Во Хрватска уште високо котираат Македонците

Економијата контра политиката, цвета трговијата со Бугарија! Колкав е македонскиот извоз и колку потрошивме за увоз на стоки од Бугарија?

Економијата контра политиката, цвета трговијата со Бугарија! Колкав е македонскиот извоз и колку потрошивме за увоз на стоки од Бугарија?

ДОНЕ ТАНЕВСКИ ПОВЕЌЕ ДА НЕ БИДЕ ЧЛЕН НА НАДЗОРЕН НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - вонредно собрание, ќе се отповикуваат старите и ќе се бираат нови членови, но кои, засега е тајна

ДОНЕ ТАНЕВСКИ ПОВЕЌЕ ДА НЕ БИДЕ ЧЛЕН НА НАДЗОРЕН НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - вонредно собрание, ќе се отповикуваат старите и ќе се бираат нови членови, но кои, засега е тајна

МЕРКИТЕ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ИМААТ САМО КРАТКОРОЧЕН ЕФЕКТ - „Фајненс тинк“ со посебно истражување - да се применуваат законите

МЕРКИТЕ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ИМААТ САМО КРАТКОРОЧЕН ЕФЕКТ - „Фајненс тинк“ со посебно истражување - да се применуваат законите

ПРОДАЖБАТА ДОМА СЕ ЗГОЛЕМИЛА ЗА 48 ОТСТО, А ВО СТРАНСТВО ЗА 18 ПРОЦЕНТИ - еве како работеше „Реплек“ во минатата година

ПРОДАЖБАТА ДОМА СЕ ЗГОЛЕМИЛА ЗА 48 ОТСТО, А ВО СТРАНСТВО ЗА 18 ПРОЦЕНТИ - еве како работеше „Реплек“ во минатата година

(ВИДЕО) Коце Трајановски: Само годинава 8 милиони евра ќе платиме за надзорот на автопатите

(ВИДЕО) Коце Трајановски: Само годинава 8 милиони евра ќе платиме за надзорот на автопатите

„ПРВАТА ФАЗА ОД ПРУГАТА КОН БУГАРИЈА Е ПРИ КРАЈ И МНОГУ БРЗО ЌЕ БИДЕ ПУШТЕНА“: Николоски ги кажа најновите информации за сите инфраструктурни проекти

„ПРВАТА ФАЗА ОД ПРУГАТА КОН БУГАРИЈА Е ПРИ КРАЈ И МНОГУ БРЗО ЌЕ БИДЕ ПУШТЕНА“: Николоски ги кажа најновите информации за сите инфраструктурни проекти