Владата објави: Понудата на грчки ППС единствена прифатлива за изградба на ХЕЦ Чебрен
Објавено во: Економија 07 Септември, 2022
Министерот з аживотна средина Насер Нуредини на денешната прес-конференција соопшти дека само една прифатлива понуда од приватен оператор е пристигната за изградба и менаџирање на ХЕЦ Чебрен во јавно-приватно партнерство. По консултации со комисијата, дополнително објави дека таа е онаа на грчката компанија ППС. Имало уште една понуда од ЕДФ од Франција, но таа не ги исполнила условите.
Од 17 јануари започна постапката за добивање на понуди за изградба на системот хидроцентрали на Црна Река од кои ќе треба да се произведува балансна енергија од најмалку 333 мегавати.
- Ова е историски ден за енергетскиот сектор. Сакам да истакнам дека во целиот процес ние како Влада бевме максимално посветенени овој проект да успее, по 13 неуспешни обиди за 20 години. Затоа добро ги проектиравме условите и имавме слух за потребите на апликантите.
Ова е постапка во вистинско време и како држава сме подготвени за успешна реализација на овој проект. Овие хидроцентрали ќе даваат балансна енергија, а проектот ќе се изведува како јавно-приватно партнерство, а јавниот партнер ќе биде АД ЕСМ.
Согласно записникот има две понуди - од кои за едната е констатрирано дека е необврзувачка понуда и не е доставена бараната банкарска гаранција“, рече Нуредини.
Министерот порача дека евалуацијата на компанијата ќе трае 60 дена, а договорот треба да се потпише до крајот на првата половина од 2023. Првото производство на електрична енергија е проектирано да започне во 2029. Обврските во делот на инвестирањето целосно треба да паднат на товар на ориватниот оператор.
А.К.