Владата пресмета дека имало повеќе критички текстови од пофалби
Објавено во: Македонија 03 Мај, 2018 13:42
По 10 години има повеќе критички текстови отколку пофалби во медиумскиот простор, порача денеска министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, на редовната владина прес-конференција.
– Го одбележуваме овој ден на медиумите, во демократска, слободна и европски ориентирана Република Македонија. За прв пат, после 10 години, ќе има можеби повеќе критички текстови од пофалби, укажувања, сугерирања за медиумските слободи и права, како што секојдневно има изминативе 10-тина месеци, за секое прашање од важност и интерес за граѓаните. Денеска има гласност, наспроти молк – рече Поповски.
Тој констатираше дека „професионалните и независни медиуми се гласот на граѓаните во секоја демократска држава“.
– Оваа отворена и демократска Влада го слуша гласот на своите граѓани за да се подобрува во раководењето на државата и никогаш да не скршне од зацртаните приоритети. Затоа на врвот
на политичката агенда на Владата е концептот на отворена влада, којшто подразбира демократизација на медиумскиот амбиент, односно поддршка на слободно и професионално новинарство, активна транспарентност и пристапност – рече Поповски.
Тој ја повика опозицијата да даде поддршка за Законот за аудио и аудиовизуелни медумски услуги со што би се отпочнале реформите во медиумската индустрија во Македонија. Истовремено, ги обвини пратениците од опозицијата кои претседаваат со Комисијата за транспорт и врски, дека на двапати без образложение ја одложиле седницата на која треба да се дискутира за Законот за АВМУ.
Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност ги повика сопствениците на медиумите да ја подобрат положбата на новинарите, зголемувајќи ги платите и сигурноста на работните места.
– Сакам да ве уверам дека заедно со вас, од новинарската заедница, согласни сме, треба да се промени и економската ситуација на новинарите во Македонија и да се осигураат вашите
работни места и повисоки плати. Апелирамe кон сопствениците на медиумите да ги следат политиките на пораст на платите – рече Поповски.
Можеби ќе ве интересира
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал




