19 Декември, 2025
0.0398

Влажни коловози и одрони во клисурите – внимавајте ако патувате

Објавено во: Мои пари 17 Мај, 2014 10:15

Добивај вести на Viber

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, на места по влажни коловози. Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово – Дебар - Струга, Гостивар - Стража, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес. Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги оддржуваат проодни сите патни правци. На учесниците во сообраќајот им од Македонијапат и препорачуваат внимателно управување со возилата, почитување на поставената патна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Според извештајот на АМСМ пак, на патниот правец Радовиш - Конче (Р-2433), на 11-тиот километар, има свлечиште, поради што сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На овој патен правец е воведена забрана за движење на тешки товарни возила. На патниот правец Кратово - Пробиштип, на излезот на Кратово, воведена е забраната за тoварни моторни возила и автобуси додека патничките моторни возила се пропуштаат наизменично. Поради вршење на градежни работи за реконструкција и санација на мост на река Брегалница кај селото Долни Балван, Општина Карбинци, се забранува сообраќајот во двата правци по локалниот пат село Долни Балван - село Таринци во период од 14.01.2014 година до завршување на реконструкцијата на мостот на река Брегалница. Од 01.04.2014 година воведени се нови термини за насоката на движење на патниот правец кој го поврзува Скопје со Македонски брод низ НП Јасен. Во правец од Скопје кон Македонски Брод сообраќајот се одвива од 6:30 до 9:00 и од 16:00 до 18:00, а во правец од Македонски Брод кон Скопје сообраќајот се одвива од 5:00 до 6:00 и од 18:30 до 20:00. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Нa граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Можеби ќе ве интересира

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА