24 Јануари, 2025
0.1563

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ немаат проблем да дебатираат за менување на химната, грбот и знамето

Објавено во: Македонија 05 Март, 2017

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ се противи на договорот меѓу СДСМ и албанските партии и единствен излез гледа во нови избори кои ќе може да се спојат со локалните.

- Зоран Заев и СДСМ гледаат позитивно кон платформата од Тирана. Зоран Заев и СДСМ немаат проблем да дебатираат за менување на химната, грбот и знамето со крајна цел соодветно да бидат претставени и албанците. Зоран Заев и СДСМ немаат проблем да се преземе обврска да се промени името во рок од една година само за да се задоволи барањето од сеалбанската платформа за брз влез во НАТО. Зоран Заев и СДСМ немаат проблем да го прогласат албанскиот јазик и неговото писмо за официјален државен јазик, заедно со македонскиот и неговото кирилско писмо. Зоран Заев и СДСМ немаат проблем да ги променат банкнотите, униформите, написите. Со оглед дека деталите од договорот и од платформата ги држат во тајност, Зоран Заев и СДСМ кој знае на што се друго се подготвени.

Суштинско во овој момент е на што се подготвени граѓаните? Дали граѓаните се подготвени за редефинирање на Република Македонија? Дали граѓаните се подготвени на нејзино претварање од мултиетничка во бинационална држава? Дали граѓаните се подготвени на кантонизација и федерализација?

Одговорот за сите овие прашања најдобро ќе се добие на нови предвремени парламентарни избори!

Легитимно е Зоран Заев и СДСМ да мислат дека платформата од Тирана е позитивна за земјава, но крајниот суд околу платформата треба да го дадат граѓаните. Тие не гласаа во декември за сите овие елементи од платформата.

Се ближат локалните избори и најдобар излез од оваа криза е доколку Зоран Заев се охрабри и се согласи да ја постави платформата пред граѓаните. На ист трошок тие ќе гласаат и за локалните власти, но ќе се произнесат и околу платформата од Тирана.

Доколку Зоран Заев и СДСМ имаат сомнеж дека платформата од Тирана е штетна за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува да ја отфрлат. Во таков случај би му помогнале на Зоран Заев и СДСМ да формираат влада каква што сакаат и покрај тоа што загубија на изборите. Цената ќе биде далеку помала отколку цената што ќе ја плаќаат сите идни генерации доколку Зоран Заев и СДСМ не ги отфрлат уцените.

ВМРО-ДПМНЕ чувстува обврска да ја почитува волјата на мнозинството граѓани кои гласаа за Коалицијата „За подобра Македонија“. Заради почитта кон нив и нашата стратешка определба, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се донесат никакви решенија што се спротивни на државните и национални интереси“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.


Можеби ќе ве интересира

ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАНКОВЦЕ - КРИВА ПАЛАНКА: возачот и уште еден сопатник се повредени

ЕДНО ЛИЦЕ ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАНКОВЦЕ - КРИВА ПАЛАНКА: возачот и уште еден сопатник се повредени

МИЦКОСКИ ЗА ПОСЕТАТА НА САД: Спиев во хотел со 3 ѕвезди

МИЦКОСКИ ЗА ПОСЕТАТА НА САД: Спиев во хотел со 3 ѕвезди

ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДУВА ИСКАЗИТЕ И СНИМКИТЕ - комплетиран полицискиот извештај за падот на ученикот од Прилеп

ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДУВА ИСКАЗИТЕ И СНИМКИТЕ - комплетиран полицискиот извештај за падот на ученикот од Прилеп

МАКЕДОНСКА ДРЖАВЈАНКА Е ПРОТЕРАНА ОД СРБИЈА КАКО „БЕЗБЕДНОСНА ЗАКАНА“: МНР бара објаснување од српските власти

МАКЕДОНСКА ДРЖАВЈАНКА Е ПРОТЕРАНА ОД СРБИЈА КАКО „БЕЗБЕДНОСНА ЗАКАНА“: МНР бара објаснување од српските власти

МЕРКО НЕ ЧУСТВУВА ВИНА ЗА СПОМЕН ПЛОЧАТА - му се судеше и за незаконско поставување директори, но не и за „Аудито“

МЕРКО НЕ ЧУСТВУВА ВИНА ЗА СПОМЕН ПЛОЧАТА - му се судеше и за незаконско поставување директори, но не и за „Аудито“

СТОИЛКОВИЌ ВЕЛИ ДЕКА ЏИП НА МИНИСТЕРСТВОТО БИЛ ОСТАВЕН НА СЕРВИС: Објасни дека сега личи на „искубана кокошка“

СТОИЛКОВИЌ ВЕЛИ ДЕКА ЏИП НА МИНИСТЕРСТВОТО БИЛ ОСТАВЕН НА СЕРВИС: Објасни дека сега личи на „искубана кокошка“

НЕ БИЛО ЗЕЛКА, ТУКУ КЕЉ: Инспекторатот за земјоделство изврши 20 вонредни контроли, забранети пестициди не се откриени

НЕ БИЛО ЗЕЛКА, ТУКУ КЕЉ: Инспекторатот за земјоделство изврши 20 вонредни контроли, забранети пестициди не се откриени

МИЦКОСКИ: Македонското прашање нема да биде затворено додека земјата не стане членка на ЕУ

МИЦКОСКИ: Македонското прашање нема да биде затворено додека земјата не стане членка на ЕУ

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе северозападниот дел

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе северозападниот дел