16 Декември, 2025
0.0634

Внимавајте: Грипот демнее на сите страни!

Објавено во: Мои пари 05 Март, 2015 11:03

Добивај вести на Viber

Досега се пријавени над 18 илјади лица со сиптоми на грип , а неговиот подем се очекува да продолжи и во следните две до три недели.

Само во последната недела се пријавени 4.781 новозаболени лица со симптоми на грип ширум земјава, з бројот во одност на минатата недела е зголемен за 43,7 проценти.

Најдобра превенција од грипот, укажуваат од Министерството за здравство, е да се избегнува контакт со заболено лице, редовно да се одржува личната хигиена и хигиената на рацете (миење  раце со сапун и топла вода или користење влажни марамчиња на база на алкохол, особено по кашлање и кивање). При појава на заболувањето потребно е сместување на заболеното лице во посебна просторија (домашна изолација) се додека симптомите на болеста не исчезнат, како и често проветрување на собата на заболеното лице и дезинфекција на површините. Вирусот на грип, појаснува Министерството за здравство, циркулира во текот на зимските месеци, а може да предизвика заболување кај лица од сите возрасни групи. Болеста се пренесува по воздушен пат (при кивање и кашлање), како и при контакт со заболен. Период на инкубација е најчесто од еден до три дена, а болниот е заразен еден ден пред да се појават симптомите и седум дена по појавување на симптомите. Ова заболување има ненадеен почеток со појава на висока температура, главоболка, општа изнемоштеност, болки во мускулите и зглобовите, црвено и болно грло, солзење во очите и секреција од носот, кашлица. Кај дел од заразените лица болеста може да помине и без симптоми или пак со благи симптоми на настинка, пишуваат од здравство24.мк.

Карактеристики на грипот се полесна клиничка слика и поминува за неколку дена со симптоматска терапија и мирување, додека кај ризичните групи може да предизвика и компликации со тешка клиничка слика како пневмонија.

За ризични групи се сметаат: лица над 65 години со хронично заболување, бремени жени, деца под две-годишна возраст, лица кои боледуваат од белодробни, срцеви или малигни заболувања, лица со дијабет и други хронични заболувања.

Можеби ќе ве интересира

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк