ВНИМАВАЈТЕ НА ПАРИЧНИКОТ ВО АВТОБУС: Синоќа ограбен Ресенчанец во ЈСП
Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2016
Ако сте од оние кои почесто се возите во градските автобуси пазете се од џепарошите.
Внимавајте на вашите лични работи и паричници оти денес е лесно да останете без нив.
Ваков случја надлежните регистрирале синоќа околу 23 часот.
Непознато лице вчеравечерта во автобус на ЈСП кој сообраќал на линија бр.5 извршил разбојништво над патникот Д.С. од Ресен.
Непознатиот сторител најпрво физички го нападнал Ресенчанецот а потоа го ограбил и се стекнал со нешто помалку од 500 евра.
Засега не е познат идентитетот на сторителот, а надлежните трагаат по него.