ВНИМАВАЈТЕ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ: Крадци „оперираат“ насекаде
Објавено во: Македонија 28 Декември, 2015
Празниците ни тропаат на врата а вие сте во фрка.
Покрај сите убавини кои ве очекуваат во претстојните денови има нешто на што посебно треба да внимавате.
Се појавија информации дека ширум земјава професионална група на крадци ги ограбува куќите без притоа да остават траги. Таргет им се куќите во кои знаат дека ќе добијат добар плен, но исто така не се поштедени и останатите.
Да не заборавиме дека огромен број од нив не се објавени низ Македонските медиуми, а се случиле во градови ширум Македонија.
Во текот на една недела во медиумите се појавија неколку вести во врска со кражби во Македонија.Во просториите на градскиот и републичкиот одбор на сојузот на борците и на петнаесетина сметководствени фирми кои имаат канцеларии во истата зграда на булеварот Климент Охридски се украдени еден лап-топ ,повеке токени и рутер.
Крадци го искористиле краткото отсуство на сопственикот за да му ја ограбат куќата. Според полицијата на 23 декември, во периодот од 12 до 12.30 часот, во Скопје на ул. „Петре Манџуков” непознат сторител ја ограбил куќата на Д.Р.. Сторителот одзел 30 влезници за сала во Виена, 350 евра, 11.000 денари, лаптоп компјутер, рачен часовник и фотоапарат, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 330.000 денари.
Од куќата на 29-годишен прилепчанец се украдени 47 илјади евра. Тешката кражба се случила вчера кога непознат сторител провалил преку балконската врата во куќата на Ц.П. која се наоѓа на улицата „Менде Иваноски“. Крадецот покрај пари украл и накит со приближно иста вредност.
Ноќеска се случила голема кражба во старата зграда на Сојуз на возачите која се наоѓа веднаш до зградата на специјалното обвинителство на Катица Јанева. Полицијата е на терен и врши увид а според првичните информации украдни се многу компјутери и други предмети сопстевеност на компаниите сместени во зградата.
Пазете ги домовите. Направете се во ваша моќ да се заштите вие и вашите најблиски од криминалните банди кои оперираат низ Македонија.