Во Белград претставен телевизор од 100 000 евра
Објавено во: Мои пари 10 Ноември, 2014
На отварањето на единаесетиот Hi-Files Show, саем за аудио и видео техника, во хотелот Холидеј Ин во Нови Белград, е претставен првиот најголем закривен Samsung UHD телевизор на светот, со дијагонала 2,66 метри (105 инчи) чија цена е 100.000 евра. Закривениот Samsung UHD TV стигнал ексклузивно од Кореа, а после мини балканската турнеја, ќе биде вратен во централата на компанија во Сеул. После Hi-Files саемот, овој премиум телевизор ќе може да се набави исклучиво со порачка по посебна процедура бидејќи нема да биде изложен во продавниците.
Овој закривен UHD TV (модел l S9W) има приказ на сликата во формат 21:9, што на корисниците им овозможува дома да уживаат со кино доживување. Со резолуција на екранот од 11 милиони пиксели (512X2160), нуди пет пати поголема резолуција од Full HD телевизорите а на нив се забележуваат и најситните детали. Со тоа, овој телевизор ќе биде секогаш компатибилен со најновите UHD стандарди за емитување благодарение на Samsung UHD Evolution комплет. Исто така технологијата на Samsung со квалитет на сликата Peak Illuminator прави суптилни разлики за осветлување и контраст за подобри детали, дури и во најтемните сцени. Закривениот UHD TV на Samsung од 105 инчи има моќни вградени звучници со сила од 160 W, а со врвен дизајн, овој телевизор, коже одлично да се вклопи во секој ентериер.
Погледнете во фотографиите како изгледа овој неверојатен телевизор.